fbpx

По помината ноќ во тетовскиот затвор, доктор Мустафа е пуштен на слобода

-

Доктор Адил Мустафа, кој синоќа беше уапсен на граничниот премин Ќафасан, е пуштен на слобода, информираат од тетовскиот основен суд. Тој денеска ја платил затворската казна во времетраење од 170 дена, која судот му ја одредил поради ненавремена уплата на парична казна за кривично дело измама, при добивање кредит и друга погодност и оштетување туѓи права.

Мустафа вчера беше уапсен откако на прес-конференција обвини дека болницата „Шендети“ во Мала Речица, која тој ја изградил, пропаднала поради организиран криминал на владејачки структури и на приватна банка.

Според докторот, банката неколкупати не ги исплаќала сите средства од одобрените кредити, наменети за опремување на болницата, што било услов за добивање лиценца за работа.

Според докторот, проблемот со усложнил откако Фондот за здравствено осигуривање одбивал да склучи договор со „Шендети“, за, како што тврди тој, да не се создаде конкуренција на одредени приватни здравствени установи блиски до власта.

Доктор Мустафа на вчерашната прес-конференција изјави дека поднесената жалба до Јавното обвинителство, за, според него, големиот криминал кој се случувал со болницата „Шендети“, била одбиена. Како што изјави тој вчера, за случајот „Шендети“ треба да постапува Специјалното обвинителство, затоа што претседателот на СДСМ, Зоран Заев, поседува аудиоснимки во кои постојат докази за организираниот криминал со болницата во Мала Речица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...