понеделник, 16 март, 2026
Meta.mk

Ознака: доктор | 17 резултати

Докторот Фазлиу ги споделува искуствата од борбата против корона вирусот во земјава

24 март 2020

Адурим Фазлиу е млад доктор кој штотуку ја започнал својата кариера во оваа професија. Во нормална ситуација, во оваа рана фаза од кариерата, тој би требало да има поинаква рутина на работа, да ја истражува својата професија, да ги проучува најситните детали и секој ден сѐ повеќе и повеќе да се заљубува во неа, пишува […]

Не, корона вирусот не се лечи со алкохол!

12 февруари 2020

Да се тврди со големи букви во самиот наслов („ЕВЕ ГО ЛЕКОТ ЗА КОРОНА ВИРУСОТ: Проф.д-р Кантарџиев тврди дека алкохолот го убива вирусот за неколку секунди“) дека има лек за корона вирусот во најмала рака е неодговорно и неетички. А, да се тврди дека лекот е пиење алкохол, тоа е тотална глупост и дезинформација, пишува […]

Клинтон е добро, тврди нејзината лекарка

15 септември 2016

Лекарката на Хилари Клинтон, изјави дека таа закрепнала од воспалението на белите дробови и дека е здрава и подготвена да служи како претседателка на САД. Оваа изјава е дел од соопштенијата за медицинските податоци на Хилари Клинтон, кандидатката на Демократската партија за претседател на САД, кои беа објавени од нејзиниот изборен тим откако минатата недела е […]

Излекуваниот доктор од ебола им предаваше на штипските студенти

21 март 2016

„Мојата приказна не е само поврзана со медицината. Тоа е приказна за верба и за чуда, уништувања и пожртвувања на луѓе кои страдале во последните три децении. Како повеќето од вас, одбрав медицина зашто сакав да им служам на луѓето“, рече американскиот доктор Кент Брентли, првиот Американец излекуван од ебола, во својот говор пред студентите на Медицинскиот […]

Американскиот лекар што ја победи еболата в понеделник во Штип

16 март 2016

Докторот Кент Брентли, кој заболе и беше првиот излекуван од смртоносната болест ебола, в понеделник ќе предава на Факултетот за медицински науки во Штип. Докторот, кој во 2014 година беше избран за личност на годината од страна на магазинот „Тајм“, бил дел од медицинска мисионерска група чија главна цел била лекување на пациенти заболени од […]

Нападнат доктор во тетовската клиника

3 јануари 2016

Дежурен доктор во детското одделение во Клиничката болница – Тетово вчера, околу 15 часот, бил физички нападнат од 25-годишниот Н.С. од село Шемшово, кој заедно со две непознати женски лица и со едно малолетно дете влегле во ординацијата за укажување лекарска помош за детето. Како што соопштува МВР, откако лекарот го видел медицинскиот извештај од […]

Доктор Илија Џонов, добитник на орденот „Свети Никола“

17 декември 2015

За особен придонес за афирмација на Штип, неврологот Илија Џонов е добитник на највисокото општинско признание по повод патрониот празник на Штип, Свети Никола. Орденот на доктор Џонов, инаку штипјанец по потекло, ќе му биде доделено вечерва на свечената седница, како што стои во објавата „за искрен и континуиран ангажман и за придонес во афирмација […]

Двајца браќа осомничени за пукањето во хирургот во Клинички центар

10 ноември 2015

Секторот за внатрешни работи Скопје поднел кривична пријава против И.Н. (34) и против неговиот брат А.К.Н. (36) за вчерашниот вооружен инцидент во клиничкиот центар, во кој беше ранет абдоминалниот хирург Љубомир Огненовиќ. Според МВР, И.Н. се товари за обид за убиство и за недозволено држење оружје или распрскувачки материи, а неговиот брат А.К.Н., според кривичната пријава, […]

Ургентниот центар и денеска под засилено полициско обезбедување

10 ноември 2015

Дваесет и четири часа по вооружениот инцидент во Клиничкиот центар во Скопје, во кој беше ранет абдоминалниот хирург Љубомир Огненовиќ, во Ургентниот центар забележливо е зголемено обезбедување. На двата влеза на хируршката клиника има лица од обезбедувањето на болницата, кои го контролираат влегувањето и излегувањето на пациентите и на нивните роднини. Исто така, засилено обезбедување има и во ходникот, […]

Лекарската комора го осуди инцидентот во Клинички центар

9 ноември 2015

Лекарската комора го осуди инцидентот при кој од огнено оружје беше повреден еден лекар од Одделението за дигестивна хирургија на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Директорот на Лекарската комора, Кочо Чакаларовски, рече дека комората интензиво работи на подготвување нови закони со кои докторот би бил заштитен на работно место. – Доколку се докаже дека јас сум […]

По помината ноќ во тетовскиот затвор, доктор Мустафа е пуштен на слобода

22 септември 2015

Доктор Адил Мустафа, кој синоќа беше уапсен на граничниот премин Ќафасан, е пуштен на слобода, информираат од тетовскиот основен суд. Тој денеска ја платил затворската казна во времетраење од 170 дена, која судот му ја одредил поради ненавремена уплата на парична казна за кривично дело измама, при добивање кредит и друга погодност и оштетување туѓи права. […]

Тодоров посети пункт за рурален доктор во село Таринци, општина Карбиници

13 март 2015

Министерот за здравство, Никола Тодоров, заедно со директорката на ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“, Валентина Варадинова-Везенкова, денеска го посети пунктот за рурален доктор во село Таринци, општина Карбиници. Станува збор за еден од седумте пунктови од проектот „Рурален доктор“ во штипско-карбинскиот регион. Тодоров истакна дека проектот „Рурален доктор“ дава позитивни резултати, бидејќи, како што рече, […]

Прв случај на ебола во Шкотска

29 декември 2014

Лекари од Глазгов потврдиле дека еден здравствен работник од Шкотска е заразен со вирусот на ебола. Шкотскиот државјанин неодамна се вратил во земјата од Сиера Леоне, каде што работел со заболени од овој смртоносен вирус. По враќањето во Глазгов забележал дека има симптоми на ебола, а по деталните прегледи потврдено е присуството на овој вирус. Владата […]

Страна 1 од 1