Дежурен доктор во детското одделение во Клиничката болница – Тетово вчера, околу 15 часот, бил физички нападнат од 25-годишниот Н.С. од село Шемшово, кој заедно со две непознати женски лица и со едно малолетно дете влегле во ординацијата за укажување лекарска помош за детето.
Како што соопштува МВР, откако лекарот го видел медицинскиот извештај од хируршко одделение, побарал да му донесат упат, по што Н.С. му се нафрлил и физички го нападнал, а потоа почнал со рацете да удира по работното биро, компјутерот и по другите предмети, кои ги расфрлал на подот. Лекарот преку дежурната сестра Ќ.Ј.(46) побарал да биде повикано обезбедувањето, а откако таа се обидела да го повика обезбедувањето, лицето и неа физички ја нападнало, по што го напуштило местото на настанот.
СВР-Тетово работи на целосно расчистување на случајот.