fbpx

Тодоров посети пункт за рурален доктор во село Таринци, општина Карбиници

-

Министерот за здравство, Никола Тодоров, заедно со директорката на ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“, Валентина Варадинова-Везенкова, денеска го посети пунктот за рурален доктор во село Таринци, општина Карбиници. Станува збор за еден од седумте пунктови од проектот „Рурален доктор“ во штипско-карбинскиот регион.

Тодоров истакна дека проектот „Рурален доктор“ дава позитивни резултати, бидејќи, како што рече, само на пунктот во Таринци секој петок од 15 до 20 пациенти ги користат здравствените услуги на медицинскиот тим.

– Докторите велат дека секој петок луѓето се тука, доаѓаат на преглед, некогаш дури и пред да дојдат докторите, што значи добра одлука сме донеле кога сме го отвориле овој пункт за рурален лекар и на помош на жителите што живеат во ова населено место. Овој проект дава позитивни ефекти затоа што од сите информации што ги прибираме, дури до 10.000 пациенти месечно се прегледуваат во рамки на овој проект на целата територија на Република Македонија – посочи Тодоров.

Како што нагласи министерот, досега се прегледани околу 100.000 пациенти на ниво на цела држава од почетокот на проектот во март минатата година.

Директорката на ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“, Валентина Варадинова-Везенкова, истакна дека тимот на „Рурален лекар“ секојдневно работи на седум пункта.

– Проектот прекрасно функционира, одѕивот на граѓаните е задоволителен, така што се доближивме поблиску до пациентите од овие подрачја, кои ја немаа таа можност во изминатиот период – рече Варадинова-Везенкова.

Доктор Милена Серафимова, која е дел од тимот на „Рурален доктор“ во штипско-карбинскиот регион, истакна дека пациентите од руралните подрачја најчесто бараат да им се измери крвниот притисок, шеќерот и холестеролот во крвта, им се даваат совети за исхраната и за терапијата што ја користат, а може да им биде закажан и лекарски преглед преку проектот „Мој термин“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...