Оштетени надгробни плочи во Драчево
5 ноември 2017
Надгробни плочи на три гроба на гробиштата во селото Драчево биле оштетени во периодот од јули годинава до вчера. Како што извести МВР, случајот вчера го пријавиле три лица, откако првпат по повеќе од три месеци ги посетиле оштетените гробишта. Полициска екипа извршила увид и се работи на утврдување на причинителите.