fbpx

Д-р Халити: Лекарите го губат ентузијазмот и тоа ќе биде проблем во текот на втората фаза од ковид-19

-

Лекарот специјалист, Газменд Халити за „Порталб.мк“ изјави дека бројот на медицинскиот персонал се намалува од ден на ден бидејќи вирусот ги погодува и нив, силите згаснуваат и лекарите во земјава го губат ентузијазмот. Според него, ова ќе биде голем проблем во текот на втората фаза што се предвидува да се појави наесен, известува „Порталб.мк“.

Какво искуство добивте од справувањето со корона вирусот, како вирус што не ви беше познат од порано?

Искуството со ковид-19 на почетокот не најде неподготвени, потоа се здобивме со сознанија за развојот на фазите на вирусот од инкубацијата се до целосното закрепнување на пациентот, најважно е дека кај пациентите со корона вирус не се препишува антибиотик.

Како, вие како лекари, се справувате со оваа ситуација?

Многу е тешко во целокупната светска медицина, а особено кај нас во Македонија, но се трудиме 24 часа на пациентите да им бидеме во служба со максимално внимание бидејќи можеме да го пренесеме вирусот и дома.

Каква е моменталната состојба во нашата земја што се однесува до бројот на заразени?

Доктор Газменд Халити / Фото: Порталб.мк

Во Македонија, конкретно во Тетово, бројот на заразени со корона вирус секојдневно расте. Секој ден бројката на тестови е реална, секој пациент што бара да се тестира, доколку ги исполнува условите и е во тешка состојба, ќе биде тестиран бидејќи населението не е внимателно и претпазливо.

Според вас, кое е решението за да се надмине оваа ситуација?

Постојат две решенија, едното е држењето растојание, миењето раце, носење маски и освестувањето на граѓаните, а другото е вакцината, која додека не се создаде, ќе биде премногу тешко.

Што се однесува до вирусот, СЗО предвидуваше дека ќе има уште една, втора фаза уште потешка на есен, од друга страна бројот на заразени во нашата земја постојано расте. Дали сметате дека ова е втората фаза или уште не сме ја поминале првата фаза?

Во нашата земја сè уште сме во првата фаза бидејќи втората фаза ќе дојде наесен кога ќе започне да се зголемува нивото на вируси, ќе се промени времето, ќе биде почеток на зимата. Ова е сè уште првата фаза, односно вториот степен од првата фаза.

Дали ги имате материјалните и човечките ресурси за предизвикот со кој се соочувате?

Во врска со материјалите секој ден се врши опремување, а што се однесува до луѓето и медицинскиот персонал, истиот се намалува од ден на ден бидејќи вирусот ги погодува и нив. Нормално, и тие се луѓе иако цело време се претпазливи, но од ден во ден се губат силите односно ентузијазмот и ова ќе биде главната причина поради која ќе имаме проблем со втората фаза наесен.

Зошто Северна Македонија, за разлика од другите земји во регионот, има алармантни бројки на заразени лица и починати од корона вирус?

Во Република Северна Македонија во моментов, бројката на заразени е реална бидејќи се вршат реални тестирања, секој пациент кој има знаци се тестира, во регионот, во Косово, Албанија и Црна Гора бројот на тестирани е намален и со ова се маскира бројот на заразени. Значи, реалната бројка на тестирани лица е таа која ни дава реална бројка на заразени граѓани.

Која е вашата порака за луѓето во врска со ова?

Пораката на секој здравствен работник е: се замолуваат сите граѓани да држат растојание од минимум 2 метри, да се мијат рацете, да се носат маски и во отворени простории и во затворени простории бидејќи со носење маски во близина на 2, 3 или 4 луѓе веројатноста од пренесување на вирусот е 5 отсто, со неносење маска на едно лице веројатноста е 50 отсто, со неносење на маски на секој од нив, можноста за заразување е 95 отсто. Им се обраќам на луѓето да не одржуваат семејни собири, да не одат на погреб, да не одат на свадби или други разни прослави, а младите да не се собираат по локали.

Инаку, корона вирусите кај луѓето можат да предизвикат благи инфекции, како што се неколку случаи на обична настинка, но и други како што се САРС, МЕРС и ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...