fbpx

Груевски: Повеќе од ветувачки ефектите од странските експерти во домашните фирми

-

Повеќе од ветувачки се резултатите од ангажирањето на странски експерти во македонското стопанство. Вкупно 45 проценти од домашните фирми ги подобриле производниот процес и маркетингот, а 10 отсто имаат придобивки во анализата на работењето и во планирањето на идните активности, соопшти денеска премиерот Никола Груевски.

Според премиерот, 87 проценти од компаниите изразиле очекување дека ќе отворат нови работни места, додека 86 отсто повторно најавиле потреба и желба од ангажирање странски експерти.

– Еден од основните интереси на Владата е македонските фирми да бидат што поуспешни, со поголема заработувачка. Тоа носи добивки за целото стопанство, за целата економија. Доброто работење и зголемената добивка овозможуваат реинвестиции, иновации, зголемено производство и извоз, освојување нови пазари, отворање нови работни места – нагласи Груевски.

Како што информира тој, пред неколку дена е објавен втор повик за македонските компании што сакаат да ангажираат странски експерти. Рокот за пријавување е до 24 април. Повикот е наменет за фирми што постојат најмалку две години, а имаат од 5 до 250 вработени и најмалку 51 процент домашен капитал. Може да конкурираат и компании кои веќе користеле експертска помош.

Проектот почна минатата година, со првиот оглас на кој аплицираа 98 претпријатија од 20 градови во земјава. Најмногубројни беа мали фирми со максимум 50 вработени, а потоа средни и големи компании. Експертите со кои Владата стапи во контакт и беа ангажирани, главно, дојдоа од Германија, Холандија, Швајцарија и од Австрија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...