Доктор Џозеф Шмид беше првиот виртуелен хирург во Меѓународната вселенска станица

Фото. ESA (European Space Agency) astronaut Thomas Pesquet

Иако звучи како дел од сценариото на американската научно-фантастична ТВ серија Ѕвездени патеки, сепак станува збор за реалност. НАСА неодамна соопшти дека кон крајот на минатата година, за првпат во историјата, „холопортираше“ холограмска слика од хирург во Меѓународната вселенска станица (МВС).

Францускиот астронаут Томас Песк имаше можност прв да разговара со хирургот Џозеф Шмид, кој е еден од докторите што учествувале во проектот.

„Ова е сосема нов начин на човечка комуникација преку големи дистанци. Освен тоа, ова е сосема нов начин на човечко истражување, со кој луѓето може да патуваат надвор од планетата“, изјави хирургот Шмид.

Шмид објасни дека холопортација е тип на технологија за снимање што овозможува висококвалитетни 3D модели на луѓе да се реконструираат, компресираат и пренесуваат во живо каде било во реално време.

Кога се комбинира со дисплеи со мешана реалност, како што е Холо Ленс и софтвер од Аекса ероспејс им овозможува на корисниците да гледаат, слушаат и да комуницираат со оддалечените учесници во 3D како да се всушност присутни во истиот физички простор.

Овој метод, како што појасни НАСА, се користи најмалку од 2016 година од страна на Мајкрософт, но ова е прва употреба во толку екстремна и оддалечена средина како што е вселената.