Доктор Илија Џонов, добитник на орденот „Свети Никола“

За особен придонес за афирмација на Штип, неврологот Илија Џонов е добитник на највисокото општинско признание по повод патрониот празник на Штип, Свети Никола. Орденот на доктор Џонов, инаку штипјанец по потекло, ќе му биде доделено вечерва на свечената седница, како што стои во објавата „за искрен и континуиран ангажман и за придонес во афирмација на здравството“.

Вечерва ќе бидат доделени и признанија на осуммина штипјани – бизнисмените Мите Николов, Ванчо Богдов и Сашко Миладинов, како и на Лазо Спасов, Марија Максимова, Блаже Китанов и на Александар Југов.

Орденот и признанијата ќе бидат доделени во Соборниот храм „Свети Никола“, каде пригодно, во чест на празникот, ќе настапат Дивна Љубојевиќ и групата „Мелоди“ од Србија, кои се познати по црковната музика.

Со ордени „Свети Никола“ досега се закитиле премиерот Никола Груевски, доктор Сашко Кедев, г.г Стефан, владиката Иларион, Срѓан Керим и доктор Методи Чепреганов.