fbpx

Не, корона вирусот не се лечи со алкохол!

-

Да се тврди со големи букви во самиот наслов („ЕВЕ ГО ЛЕКОТ ЗА КОРОНА ВИРУСОТ: Проф.д-р Кантарџиев тврди дека алкохолот го убива вирусот за неколку секунди“) дека има лек за корона вирусот во најмала рака е неодговорно и неетички. А, да се тврди дека лекот е пиење алкохол, тоа е тотална глупост и дезинформација, пишува „КриТинк“.

Како единствен извор на ова тврдење е пренесувањето изјава на одреден бугарски доктор, кој тврди дека алкохолот го убива вирусот за неколку секунди. Но, нема податок што може да потврди дека доктор Тодор Кантарџиев навистина дал ваква изјава. Не е наведено ниту каде ја дал оваа изјава, ниту има потврда дека навистина го кажал тоа што сензационалистички го тврди насловот. Во написот нема ни линк до бугарски медиум каде што може оригинално да се прочита или види неговата наводна изјава.

Но, дури и докторот навистина да го изјавил ова, тоа не значи дека тврдењето е вистинито и базирано на докази. А уште помалку значи дека треба да биде пренесено во медиуми и на тој начин неодговорно да се шират невистини во ситуација кога луѓето се исплашени од појавата на овој нов вирус и би пробале разни методи да го спречат заразувањето или да се излечат.

Проблематично е и што самиот текст е контрадикторен. Прво се вели дека треба да се следат инструкциите на Светската здравствена организација, а потоа се вели дека редовните консументи на алкохол се позаштитени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...