fbpx

Платформа на ГО за борба против корупцијата: Политичките ветувања без сериозност се демагогија

-

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата порача дека политичките изјави, односно ветувања, без сериозни заложби за сузбивање на ова зло, се само демагогија. Поради неисполнетите ветувања за сузбивање на корупцијата, разочарани граѓани ја напуштаат земјава.

„На меѓународниот ден за борба против корупцијата, ние, граѓанските организации упатуваме порака дека главен приоритет за нашето општество се демократијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата. Политичките ветувања, без сериозна заложба, значат само демагогија која не оди во прилог на подобрување на животот и стандардот на граѓаните. Пропуштеното време не може да се надомести и граѓаните губат верба во државата, поради што се почесто носат одлука својата иднина да ја градат и даноците да ги плаќаат во друга земја“, се вели во прогласот.

Граѓанските организации порачуваат дека одлевањето на милионски суми поради корупцијата е надополнето од последните настани.

„Последните настани во правосудството, изборот на Јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција и претседател на судски совет, превирањата во советите (Судскиот совет и Советот на јавни обвинители) ја урниса перцепцијата за непристрасноста и ја намалија довербата во подобрување на квалитетот на правдата“, се вели во прогласот.

Платформата побара државата да го подобри трошењето на јавните пари и преку тоа да овозможи индиректен поттик за економијата.

„Меѓутоа, продолжува трендот на јавни набавки со посакувани победници, ниска конкуренција и слаб учинок на контролата на изведбата и доставувањето стоки, работи и услуги. Високиот „данок“ на корупцијата предизвикува домашниот бизнис да не се развива или, пак, квалитетниот капитал од странство да не сака да инвестира во земјата“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...