fbpx

Пентагон планира префрлање затвореници од Гвантанамо

-

Пентагон го извести Конгресот на САД дека планира да изврши префрлување на десеттина заробеници од воениот затвор Гвантанамо во најмалку две земји, соопшти денеска неименуван американски претставник.

Реализацијата на првиот трансфер се очекува во следните неколку дена, додека другите трансфери се планирани за следната недела, потврди американскиот претставник кој инсистирал да остане анонимен.

Тој соопштил дека од Гвантанамо ќе биде префрлен и Тарик Ба Одах, државјанин на Јемен, кој штрајкува со глад.

Во затворот на Куба во моментов се има 91 затвореник.

Без разлика на противењето на Конгресот, претседателот на САД, Барак Обама сака да го затвори објектот пред да ја напушти должноста во јануари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...