fbpx

Јолевски во Виена на состанок за бегалската криза

-

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска во Виена учествува на дводневна средба на министрите за одбрана на земјите од централна и источна Европа посветена на бегалската криза.

Министерот за одбрана на Австрија, Ханс Петер Доскоцил ги повика своите колеги од Централно европска одбранбена соработка (ЦЕДЦ) за да ги разгледаат приликите за соработка и совладување на бранот бегалци.

Освен Јолевски, на средбата се поканети и министрите за одбрана на Србија и на Црна Гора.
Покрај советувањето за бегалската криза, министрите траба да договорат и интензивирање на прекуграничната воена помош во елементарни непогоди.

„Развојот на мигрантскиот и бегалскиот бран покажа дека решението на ниво на ЕУ мора да биде сеопфатно и долгорочно. Од хуманитарни причини и со цел да се заштитат границите мора да се преземат мерки за судбината на бегалците да биде поподнослива и за да се намали оптоварувањето на одредени земји“ стои во најавата.

Целта на собирот е да се договорат итни делотворни мерки за поддршка на посебно погодените земји, како и разговор за можни решенија за заштита на надворешните граници на ЕУ.

Централно европска одбранбена соработка е воспоставена во 2010 година и нејзе ја сочинуваат Австрија, Чешка, Словачка, Унгарија, Словенија и Хрватска, а Полска има статус на набљудувач.

Претседавањето со ЦЕДЦ се менува годишно, а во моментов претседава Австрија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...