fbpx

Партиите со тврдокорни ставови пред 12. продолжение на конститутивната седница

-

Пред дванаесеттото продолжение на конститутивната седница на Собранието, на која треба да се изберат членовите и претседателот на Комисијата за избори и за именувања и претседател на Собранието, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ преку нивните утрински соопштенија ги повторија своите ставови во однос на политичката криза.

Од СДСМ велат дека постои парламентарно мнозинство од 67 пратеници и дека тие пратеници имаат право и должност да ги изберат новиот собраниски претседател и новата влада.

„Парламентарното мнозинство е избрано од 700.000 граѓани на веродостојни избори. Тоа е претставник на народот. Не Никола Груевски, не ВМРО-ДПМНЕ, кои се веќе опозиција. Затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието се должни да обезбедат здрав разум и продолжување на демократските процеси, наместо да го бранат насилството на Груевски кое му треба за заштита на криминалот и од одговорност“, велат од СДСМ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, единственото решение за излез од политичката криза се нови предвремени парламентарни избори.

„Злосторничкото здружение СДС и криминалецот Зоран Заев предавнички ја прифатија тиранската платформа и сите уцени што им беа наметнати само за да дојдат на власт и да се спасат од затвор. Предавниците не само што молчат, туку се обидуваат да спречат секаква дискусија околу штетните последици на тиранската платформа. Ваквиот кукавички чин е најдобар доказ за хистеријата што ги има фатено уценетите криминалци бидејќи не може да се испорачаат сите ветувања кои задираат во највисоките државни и национални интереси“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...