fbpx

Украдените 3 милиони евра од НЛБ ги нема, крадецот доби 30 дена притвор

-

Б.С. (40), вработениот во НЛБ што завчера попладнето украде околу 3 милиони евра од трезорот на банката, кои ги ставил во кеса и избегал, сè уште не ѝ кажал на полицијата каде се парите.

Тој  доби кривична пријава од МВР за кражбата, а одреден му е и 30-дневен притвор.

Тој беше уапсен околу 2 часа по грабежот и иако бил испитуван, не сакал да каже каде се парите. Сè уште не е јасно и како успеал незабележано да излезе со голема кеса со пари од банката.

По грабежот генералниот директор на банката порача дека клиентите не треба да се грижат за своите пари во оваа банка.

– Сите средства на нашите клиенти се апсолутно безбедни и клиентите не треба воопшто да се загрижени. Банката ги има преземено сите мерки за осигурување на своите редовни активности – изјави Антонио Аргир, претседател на управниот одбор на НЛБ АД Скопје.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...