fbpx

Парма пред банкрот?!

-

Натпреварот меѓу Парма и Удинезе од 24. коло во италијанската Серија А,  можно е и да не се одигра поради сериозната финансиска криза во која се наоѓа домаќинот.

Според медиумите од земјата, Парма не може да си дозволи да ја плати организацијата на средбата, вклучувајќи ги редарите и полицијата, без кои е невозможно натпреварот да се одигра.

Клубот, кој е на дното на табелата во лигата со само 10 бода, е во долгови од 95 милиони евра, но во овој случај се очекува во пресрет со финансиска помош барем околу организацијата на натпреварите да излезе Фудбалската федерација на Италија, за првенството да се одвива без проблеми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...