Оваа година завршува изградбата на магистралните гасоводи Скопје-Гостивар и Неготино- Битола

-

Годинава ќе заврши изградбата на магистралните гасоводи од Скопје до Гостивар и од Неготино до Битола, со што ќе се поврземе на преносниот систем на гас. Следат нови проекти за интерконекциско поврзување со Грција, Косово и Србија.

Ова денеска го истакнаа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Национални Енергетски Ресурси, Бајрам Реџепи.

Тие, заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи извршија увид во изградба на магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар.

Оваа делница е инвестиција од 29 милиони евра, досега изградени се околу 80 проценти од трасата или заварени се 53 километри цевки од вкупно 86 километри колку што изнесува вкупната должина на овој проект.

Министерот Бочварски потенцираше за огромното значење на гасификацијата на државата од аспект на заздравување на економијата, намалување на аерозагадувањето, како и поевтин енергенс за граѓаните и компаниите.

„Ги користиме сите технички и човечки ресурси за да може што поскоро да ги завршиме започнатите магистрални делници а воедно да отпочнеме и нови проекти за гасификација на цела територија на државата. Значењето на гасот е силно потенцирано и од граѓаните и од бизнис секторот и затоа ги охрабрувам, ние цврсто стоиме на нашите определби гасот да го доведеме до сите корисници. Очекувам оваа делница да биде завршена годинава, имаме чист терен за работа а изградбата се одвива со добра динамика. Исто така и магистралниот гасовод од Неготино до Битола е во завршна фаза и тој ќе биде оперативен оваа година. Во однос на новите проекти, за оваа година планираме да отпочнеме постaпки за изгрaдба на делницата од Неготино до Гевгелија и да се поврземе со конекторот со Грција, а веќе слeдната да отпочнеме со два нови магистрални делници од Велес до Свети Николе и од Гостивар до Кичево”, изјави Бочварски.

Директорот на Национални Енергетски Ресурси, Бајрам Реџепи истакна дека со завршување на овој проект оваа година, цел Полошки регион и западниот дел од Скопје ќе имаат пристап до преносниот систем на гас.

„Надминати се сите состојби со експропријација на земјиштето, најтешките предели се изградени, добрата вест е дека полесниот дел од трасата оваа година ќе се заврши вклучувајќи ги двете мерно регулациони станици и седумте блок станици. Со тоа ќе се овозможи пристап до преносниот систем на гас и заедно со дистрибутивниот систем да се опслужуваат корисниците. Оваа година започнуваме и постапка за изградба на интеконекторот со Грција, исто така оваа година завршуваме со физибилити студија за поврзување со интеконекторот со Косово и очекувам наредната година да проектираме и конечно нашиот преносен систем да го користеме за да пренесеме гас до нашите северни соседи. Исто е и со конекторот со Србија, заеднички ќе аплицираме до Инвестицискиот фонд на Западен Балкан за физибилити студија и проектирање”,  изјави Реџепи.

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...