fbpx

Отворени пунктовите за вакцинација против сезонски грип, заинтересираните да се пријават на vakcinacija.mk

-

Од рано утринава се отворени пунктовите за вакцинација против сезонски грип, информира Министерството за здравство. Заинтересираните граѓани треба да се пријават на vakcinacija.mk и по смс порака, ќе добијат термин.

Во министерството информираат дека годинава се обезбедни 40 илјади вакцини наменети за имунизација на ризичните категории на граѓани и дека вакцините за нив се бесплатни.

– Дополнително се обезбедени и 11 илјади вакцини за комерцијална употреба. Вакцинацијата се спроведува во центрите за јавно здравје и дел од здравствените домови во Скопје каде нема вакцинација за ковид-19. Секој граѓанин може да се пријави на сајтот vakcinacija.mk и ќе добие СМС порака со ден, време и точно место каде може да дојде да се вакцинира против сезонски грип – велат оттаму.

Исто така, ќе се врши и теренска вакцинација во домовите за стари лица, центрите за дијализа, за здравствените работници ќе се организира пункт во Институтот за јавно здравје, а во Скопје каде се очекува и најголем притисок за вакцинација освен во Центарот за јавно здравје од поликлиниките за вакцинација за сезонски грип ќе бидат наменети тие во Ѓорче Петров, Бит Пазар и во Идадија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...