fbpx

Осуда за терористичкиот напад во Истанбул

-

Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, и претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, гo осудија денешниот напад во Истанбул, додавајќи дека одговорот на тероризмот мора да биде одлучен.

– Европа плаќа висока цена за тероризмот, кој се обидува да ја ослаби нашата доверба во човековите вредности и да го поткопа нашиот начин на живот, но тоа нема да му успее – рече Јагланд, додавајќи дека против овие закани „можеме да се бориме само со заедничка и одлучна акција, останувајќи посветени на владеењето на законите и на почитувањето на човековите права“.

Претседателот на Европскиот парламент, осудувајќи го нападот рече дека Истанбул се нашол на метата на гнасна група терористички фанатици.

– Омраза, насилство и смрт станаа зборови што ја олицетворуваат Исламска држава. Од Париз до Истанбул, од САД до Египет, убиствениот домет на ИД е глобална закана, која бара единство и одлучност за да биде поразена – се вели во соопштението на Шулц.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, рече дека денешниот терористичкиот напад во Истанбул е „подло злосторство“ и побара виновниците да бидат изнесени пред лицето на правдата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...