сабота, 16 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Мартин Шулц | 21 резултати

Шулц ги убеди Социјалдемократите да останат во владата на Меркел

јануари 21, 2018

Со тесно мнозинство Социјалдемократите денеска изгласаа партијата да влезе во коалиција со ЦДУ на Ангела Меркел. Лидерот на Социјалдемократската партијата Мартин Шулц успеа да ги убеди своите сопартијци кои со тесно мнозинство изгласаа партијата да влезе во коалиција со ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел. Шулц ги убеди 600-те делегати на партиската конвенција во Бон дека […]

Меркел и Шулц начелно се договорија за нова влада

јануари 12, 2018

Конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел и социјалдемократите на Мартин Шулц утрово постигнале начелен договор за формирање на новата влада на Германија, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на свои извори. Компромисот бил постигнат по преговорите кои траеле повеќе од 24 часа. Начелниот договор, според агенциите, во текот на денот треба да го потврдат управните одбори […]

Се зголемува рејтингот на конзервативниот блок на Меркел и на социјалдемократите

ноември 26, 2017

Рејтингот на конзервативниот блок на германската канцеларка Ангела Меркел и на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) се зголемил за време на дискусијата за формирање нова голема коалиција, покажува анкетата што ја изврши агенцијата „Емнид“, по нарачка на „Билд ам зонтаг“. Според резултатите, рејтингот на христијанско-демократскиот сојзу (ЦДУ) на Меркел и на христијанско-социјалниот сојуз (ЦСУ) на […]

Меркел категорично против нови избори

ноември 25, 2017

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека е категорично против предвремени парламентарни избори, по неуспехот да формира влада со либералната партија ФДП и со партијата на зелените. – Апсолутно не сум убедена дека треба да ги повикаме граѓаните да гласаат повторно – изјави Меркел на конференција на нејзината Демохристијанска партија (ЦДУ), пренесуваат агенциите. Таа истакна […]

На ЕУ ѝ е потребна силна германска влада, порача Јункер

септември 25, 2017

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска порача дека на Европската Унија ѝ е потребна силна германска влада повеќе од кога и да е претходно, јавуваат агенциите. „Претседателот Јункер е уверен, во светло на предизвиците со кои се соочени Европа и светот, дека на Европската Унија ѝ е потребна силна германска влада повеќе од кога […]

Мартин Шулц е избран за нов претседател на германските социјалдемократи

март 19, 2017

Германската социјалдемократска партија (СПД) денеска одржа конвенција на која за нов претседател на партијата едногласно е избран поранешниот претседател на Европскиот парламент и актуелен кандидат за германски канцелар, Мартин Шулц, пренесува ХРТ. Новиот претседател на СПД е сè поголема закана за Ангела Меркел, која сè до неодамна имаше отворен пат до нов мандат, но последните […]

Ангела Меркел повторно ќе се кандидира за канцеларка

февруари 25, 2017

Конзервативната Христијанско-демократска унија (ХДУ) денеска и официјално ја именуваше својата лидерка, Ангела Меркел, за кандидат на претстојните парламентарни избори во септември. Меркел добила поддршка од 95 проценти од делегатите на конвенцијата на партијата во сојузната држава Мекленбург-Западна Померанија, која се смета за нејзина политичка база. Истражувањето на јавното мислење покажува дека Социјалдемократската партија би можела […]

Штајнмаер: На светот му претстојат немирни времиња

јануари 22, 2017

Германскиот министер за надворешни работи и најверојатно иден претседател на Германија, Франк Валтер Штајнмаер, во својот авторски напис објавен како воведник во неделното издание на весникот „Билд“, изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД го карактеризира како пресек во светската историја, пренесува ХРТ. „Како и секогаш кога е во прашања примопредавањето на власта, […]

Шулц го напушта Брисел и се враќа во Берлин, пишува „Политико“

ноември 24, 2016

Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, за „Политико“ изјави дека нема да работи уште еден мандат во Брисел и оти следната година ќе се кандидира за германскиот Бундестаг. „Политико“ наведува дека Шулц сигурно ќе освои место во федералниот парламент. Како што се очекува, Мартин Шулц, по овој повод, во текот на денот ќе се обрати до […]

Светските лидери му ја честитаа победата на Трамп, ЕУ го покани на самит

ноември 9, 2016

По официјалното прогласување на Доналд Трамп за нов претседател на САД, честитки за победата стигнуваат од светските лидери. Дел од нив изразуваат скепса, а дел се радуваат на изборот што го направија Американците. Претседателот на Еврпскиот парламент, Мартин Шулц, во подолга изјава рече дека на Европската Унија ќе ѝ биде потешко со Доналд Трамп отколку со […]

Турција не ја интересираат „црвените линии“ на ЕУ

ноември 1, 2016

Турција не се занимава со европските „црвени линии“ кога станува збор за слобода на медиуми, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим, откако претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, го осуди апсењето на уредникот на опозицискиот весник „Џумхуријет“. – Браќа, нас не нè интересира вашата црвена линија. Народот е тој кој ја повлекува црвената линија, а вашите линии […]

Брисел порача: Опстанокот на ЕУ не е доведен во прашање

јуни 24, 2016

Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет, Мартин Шулц, претседател на Европскиот парламент, Марк Рут, претседавач со ротирачкото претседателство на Советот на ЕУ, и Жан Клод Јункер, претседавач со Европската комисија, по состанокот во Брисел, изјавија дека жалат поради одлуката на Британците да ја напуштат Европската Унија. „Во еден слободен и демократски процес, Британците изразија желба […]

Тажна вест за Европа, ЕУ се подготвува за иднина без Британија

јуни 24, 2016

Одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската Унија предизвика шок и освестување во ЕУ дека се потребни промени во Брисел. Евроскептиците во ЕУ сметаат дека и нивните земји треба да ја напуштат Унијата. Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, рече дека ЕУ ги почитува резултатите, но тоа си носи и свои одговорности. – Обединетото […]

Шулц: Турција нема да добие безвизен режим до јули

мај 11, 2016

Нема шанси до јули да се постигне договор за безвизни патувања на турските државјани во Европската Унија, оцени денеска претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц. Според Шулц, Европскиот парламент нема да почне консултации сè додека Анкара не ги исполни условите за безвизен режим, поточно додека не се обезбеди заштита на податоци и не се измени […]

Турција од ЕУ за мигрантите бара уште три милијарди евра и укинување на визите

март 7, 2016

Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, изјави дека Турција барала дополнителни три милијарди евра од Европската Унија за згрижување на мигрантите на своја територија. Шулц најави дека Европскиот парламент е подготвен да ја забрза процедурата за доделување на тие средства. Во нацрт-договорот на ЕУ и на Турција, во кој агенцијата „Ројтерс“ имала увид, се вели […]

Шулц: Кога сите во Европа би ги примиле бегалците нема да има никаква криза

февруари 29, 2016

Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, изјави дека нема да има никаква бегалска криза во Европа кога сите земји би се согласиле да ги прифатат бегалците, затоа што на Стариот Континент, два милиони бегалци нема да се забележат. – Европската Унија има 500 милиони жители во 28 земји. Ако ним им поделите два милиони бегалци, никој […]

Осуда за терористичкиот напад во Истанбул

јануари 12, 2016

Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, и претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, гo осудија денешниот напад во Истанбул, додавајќи дека одговорот на тероризмот мора да биде одлучен. – Европа плаќа висока цена за тероризмот, кој се обидува да ја ослаби нашата доверба во човековите вредности и да го поткопа нашиот начин на […]

Страна 1 од 1