fbpx

Османи: Западен Балкан има високи очекувања од Европската унија

-

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи оствари прва официјална работна средба со новоназначената амбасадорка на Португалија во Македонија, со седиште во Белград, Марија Виржиња Мендес да Силва Пина.

Централна тема на средбата биле предизвиците поврзани со европските интеграции, а во пресрет на Самитот на ЕУ во март, во насока на потенцијалите за почеток на преговорите со ЕУ пред мајскиот самит посветен на Западниот Балкан.

„Ние сме подготвени за почеток на преговорите, се надевам дека и Европската унија ќе ги создаде неопходните услови за продолжувањето на процесот на проширување со земјите од Западниот Балкан “, истакна Османи, посочувајќи на позитивните сигнали кои доаѓаат од Европската Комисија и од земјите-членки поврзани со новата методологија за проширување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...