недела, 7 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: проширување | 64 резултати

Еврокомесарката за проширување Марта Кос смета дека Македонија и Косово се тажни приказни

април 29, 2025

Регионот во некои аспекти пред 20 години беше во подобра состојба отколку денес. Македонија и Косово се тажни приказни во однос на евро-интеграциите. Вака евро-комесарката за проширување, Марта Кос, во интервју за Радио Слободна Европа го коментираше процесот на зачленување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ. Коментирајќи ја ситуацијата на Косово, Кос истакна дека […]

Османи: Балканот очекува јасни чекори кон проширување на Европската Унија

март 2, 2024

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на Анталија дипломатскиот форум, во Република Турција, каде имаше обраќање на панелот насловен „Предизвици и можности на Балканот“, посветен на последните геополитички случувања на Балканот, специфичните предизвици и можните решенија за гарантирана стабилност и мир во регионот. Османи осврнувајќи се на состојбите во регионот подвлече дека Балканот продолжува […]

Ковaчевски се сретна со новиот дирeктор на ЕК за соседство и преговори за проширување

мај 18, 2023

Европската Унија очекува брз развој на регионот и силно ја поддржува Република Северна Македонија во следниот чекор на евроинтеграциите. Таква порака, како што соопшти македонската влада, упатиле Герт Јан Купман, новиот генерален директор за соседство и преговори за проширување од Европската комисија (ЕК) и со Микела Матуела, вршителка на должност директорка за Западен Балкан во […]

Захарова со наративи полни со дезинформации ја учи Европа за демократија и безбедност

април 11, 2023

Реакцијата на Борел за апсењето на американскиот новинар во Санкт Петерсбург, како и проширувањето на НАТО со Финска и напорите истото да го стори и Шведска, Москва преку портпаролката Марија Захарова го искористи да упати два дезинфо наративa до Европа со кои ја учи на демократија и ја заплашува дека поради делувањето на САД повторно […]

Проширувањето пред проширување

октомври 18, 2022

Годинешниов пакет документи за проширувањето на Европската комисија има две одлики. Најпрвин, тој е последен со седум држави. Од следната година ќе се однесува на десет држави, вклучувајќи ги Украина, Молдавија и Грузија. Втората одлика е силната геополитичка боја на Стратегијата за проширување, во која на преден план е влијанието на руската агресија врз Украина […]

Битиќи и Папандреу: Интеграцијата е единствен начин за да се создаде регионалнасоработка

јуни 30, 2022

Во рамки на Македонскиот енергетски форум – МЕФ 2022 денес се одржа панелот „Преиспитување на регионалната енергетска безбедност” на кој учествуваа заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и Јоргос Папандреу долгогодишен политичар, член на грчкиот парламент и поранешен премиер на Грција. Панелитистите се осврнаа на повеќе […]

Ковачевски: Особено е важно спротивставувањето на дезинформациите од Русија

март 28, 2022

Посебно е важна будноста во спротивставувањето на дезинформациите и лагите од Русија, кои се вистинска закана за демократските процеси во Европа и на Западен Балкан, порача македонскиот премиер Димитар Ковачевски во неговото обраќање на Состанокот на шефовите на влади на земјите од Југоисточна Европа членки на НАТО, што денеска се одржува во Софија, Бугарија. Ковачевски […]

Активистите бараат добро да се промисли проширувањето на улицата Цветан Димов во Чаир

јуни 24, 2021

Новите коловозни ленти за автомобилите и за идниот БРТ во Скопје кои ги предвидуваат градските власти би можело да претставуваат „вистински пекол“ за пешаците и велосипедистите, предупредуваат граѓанските активисти. Од граѓанската иницијатива „На точак“ велат дека токму тоа би можело да се случи доколку се оствари најавата за проширување на улицата Цветан Димов во скопската […]

Се проширува модуларната болница во Охрид, ќе има капацитет од вкупно 55 легла

март 8, 2021

Директорот на општата болница во Охрид посочува дека капацитетот на модуларната болница за третман на ковид пациенти ќе се прошири на вкупно 55 легла, откако вкендов пристигнале нови делови кои ќе се додадат на болбницата. Исто така, се чека и поставувањето на централното снабдување со кислород на објектот. „Моментално има слободни кревети во модуларната болница, […]

Во очекување на зборот на Европскиот парламент

февруари 28, 2021

Со низа средби на највисоко ниво и без многу контроверзи минатата недела мина посетата на известителот за Северна Македонија на Европскиот парламент, Илхан Ќуќук. Македонската јавност главно ја издвои неговата изјава дека постојат големи разлики меѓу бугарските барања и очекувањата на Северна Македонија. Европскиот парламент има позначајна улога во завршните фази од процесот на проширување, […]

Рот: Запирањето на напредокот на Северна Македонија кон ЕУ е тешка политичка грешка

декември 8, 2020

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот, утрово го оцени како тешка политичка грешка запирањето на напредокот на Северна Македонија кон ЕУ. Тој рече дека Бугарија е осамена во блокадата. Како што пренесе „Дојче Веле“ на македонски јазик, билатералните барања на една земја-членка кон кои другите 26 земји-членки не можеа да се приклучат, се причината што […]

АД ЕСМ подружница ,,Енергетика” започна со парно греење во Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром

октомври 15, 2020

На почетокот на грејната сезона, 15 октомври, АД ЕСМ, подружница ,,Енергетика” започна со испорака на топлинска енергија за корисниците кои се снабдуваат со греење преку топловодниот систем на „Енергетика“. Тоа се скопските населби Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром. Парно греење добија 3.700 домаќинства, детски градинки, основни и средни училишта и деловни субјекти, соопштија од […]

Извештајот на Европската комисија: Аргумент повеќе за почеток на преговорите

октомври 7, 2020

Пакетот докумeнти за проширувањето на Европската комисија е  прв кој ја применува новата Методологија. Тоа е видливо од Стратегијата за проширување, која прави појасен преглед на состојбите по државите. Кога во овој документ ја гледаме нашата држава споредено со другите од пакетот – стоиме добро. Едноставно не сме проблематични, а нагласено е очекувањето за почнување […]

Борисов: Готови сме да помогнеме на Северна Македонија, но ги кажавме нашите услови

мај 7, 2020

Бугарскиот премиер Бојко Борисов по вчерашната онлајн-средба ЕУ- Западен Балкан порача дека Бугарија не сака Северна Македонија да си тера внатрешна политика на нејзин грб, јави бугарското радио „Дарик“. – ЕУ целосно го поддржа ветувањето кон партнерите од Западен Балкан за соработка за нивно придружување. Бев многу поддржан од други колеги, зашто искажав разбирање кон […]

Османи: Западен Балкан има високи очекувања од Европската унија

јануари 31, 2020

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи оствари прва официјална работна средба со новоназначената амбасадорка на Португалија во Македонија, со седиште во Белград, Марија Виржиња Мендес да Силва Пина. Централна тема на средбата биле предизвиците поврзани со европските интеграции, а во пресрет на Самитот на ЕУ во март, во насока на потенцијалите за почеток на преговорите […]

Европјаните се противат на проширувањето – не можеле веќе да се потпираат на САД

јануари 29, 2020

Граѓаните на Европската Унија се малку исплашени бидејќи повеќе не може да се потпираат на САД како чувар на безбедноста, но исто така сакаат да се сопре проширувањето на ЕУ и Унијата да се вклучи повеќе во решавање на предизвиците на глобализираниот свет. Тоа се некои од главните заклучоци во истражувањето на Европскиот совет за […]

Вархеи уверува дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ останува приоритет

јануари 15, 2020

Имам добри вести за интергацијата на Западен Балкан во ЕУ, таа ќе продолжи и ќе работиме уште посилно и напорно да го оствариме тоа. Мора да ги забрзаме процесите и да вметнеме динамика во нив, изјави еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеи на заедничката прес-конференција со техничкиот премиер Оливер Спасовски. Вархеи […]

Османи- Даниелсон: Процесот на проширување се враќа високо на агендата на ЕУ

ноември 29, 2019

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи се сретна со директорот на Директоратот за проширување и соседска политика на ЕУ, Кристијан Даниелсон. На средбата се разговарало за состојбата во областа на европските интеграции на земјава и перспективите околу враќањето на процесот на проширување високо на агендата на ЕУ, по неуспехот за постигнување на консензус на […]

Европските лидери не донесоа одлука за датумот, Самитот продолжува и денеска

октомври 18, 2019

Европските лидери не донесоа одлука за одредување на датум за преговори со ЕУ за Македонија и Албанија. Тие за кратко време ја затвориле темата за проширувањето, без да се донесе конечен заклучок. Според пишувањата на европските медиуми, донесувањето на одлуката било одложено за шест месеци, а Франција ќе побара да се воведе нова методологија и […]

ФТ: Франција остро се спротивставила на давање датум за Македонија и Албанија

октомври 15, 2019

Според угледниот „Фајненшел Тајмс“ на денешниот состанок во Луксембург на министрите за надворешни работи и министрите за Европа од земјите-членки на ЕУ, Франција остро се спротивставила на идејата за давање датум за почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија. Денешниот состанок е претходница на состанокот на Европскиот Совет, кој ќе се одржи во следните […]

Страна 1 од 3