fbpx

Орбан: Претстои цунами од референдуми за мигрантите

-

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека уште најмалку три европски држави, Чешка Полска и Словачка ќе го следат примерот на Будимпешта во настојувањето да се отфрлат квотите за задолжителен прием на мигранти.

– Доколку референдумот во Унгарија во октомври биде успешен, тоа би можело да доведе до цунами од референдуми ширум Европа и дополнително пукање на унијата – рече Орбан.

Тој истакна дека со референдумот сака да докаже оти повеќето Унгарци се против бирократите во Брисел и оти сакаат одлуката да биде во рацете на нивната влада, а не на ЕУ.

Орбан рече дека за референдумот да биде успешен, потребно е на него да излезат четири милиони лица или резултатот да би биде јасен против квотите за прифаќање мигранти.

Според последните анкети, постои добра шанса референдумот да биде успешен.

Прашањето на референдумот гласи: „Дали сакате ЕУ да биде задолжена за раселувањето на неунгарските државјани во Унгарија и без согласност на Парламентот?“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Завршија натпреварите „Робомак“ и „Робомак Јуниор“ 2024

Со финалниот натпревар во пет различни категории на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), вчера заврши 12-тото по ред издание на натпреварот „Робомак“ (RoboMac). На овој натпревар учествуваа 22...