Претседателите на Стопанските комори од регионот на средба со Иванов во Охрид

-

Претседателот Ѓорѓе Иванов ќе прими висока делегација од коморите од земјите од регионот – членки на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) формиран во 2015 година, информираат од Стопанска комора на Македонија.

Коморските делегации утре во Охрид ќе бидат предводени од претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и неговите колеги од Србија и Косово.

На средбата акцент ќе биде ставен на активностите на коморите за формирање на заеднички Инвестициски фонд за функционирање и поттикнување на „старт-ап“ иновативни мали и средни претпријатија во земјите на Западен Балкан, формирање на Конзорциум за настап на големите извозни пазари и заеднички настап на тендери и друго.

КИФ и плановите за развој на регионалната платформа којашто ги обединува осумте комори од регионот (од Македонија, Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и од Словенија), се моќен репрезент на економиите од овие земји со 350.000 компании.

Македонија и Србија испитуваат можности за гасно поврзување

Македонија и Србија ќе ги испитуваат можностите за спојување со гасен интерконектор, кој треба ќе биде една нова директна врска меѓу од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот...