Не успеаја апелите: Парите ќе одат на Цеца, Северина и Чолиќ, а не за поплавените

-

Градоначалниците на Македонска каменица, на Штип и на Берово не се откажуваат од намерата во нивните градови да настапат Светлана Ражњатовиќ – Цеца, Здравко Чолиќ и Северина и покрај острите реакции на граѓаните низ социјалните мрежи, кои бараат наместо за странски ѕвезди, парите да се пренаменат за поплавените подрачја.

Директорот во рудникот „Саса“, Максим Прохоров, на зачестените барања да се откаже од спонзорство за Цеца, која на Денот на рударите на 28 август треба да настапи во Македонска Каменица вели дека „лесно е да се пазари со туѓи пари“.

– Невкусно е да се зборува за трошење на туѓи пари. Ние го помагаме тројното славење во Македонска Каменица – празникот на градот, Денот на рударите и празникот „Света Богородица“. За таа цел, една година однапред планираме пари и ова нема врска, ниту со поплави, ниту со земјотреси. Ние и ги префрламе парите на општината, која потоа со дополнителни свои средства од буџетот ја планира прославата – ни изјави Прохоров.

Тој не соопшти за колкав износ доаѓа Цеца во Македонска Каменица, бидејќи, како што рече, „тоа е работа на општината“.

Градоначалникот на Македонска Каменица, Дарко Митевски вели дека општината секојдневно им помага на поплавените, а одбележувањето на тројниот празник не можат да им го ускратат на граѓаните, бидејќи е единствен во годината.

На повиците на социјалните мрежи дека не е време за плаќање на скапи музички ѕвезди во регионот им се придружија и беровските социјалдемократи. Нивната намера е да поднесат иницијатива Советот да одлучува да ги пренамени парите од општинскиот буџет за поплавените.

– Не е време за славење кога во државата имаме над 20 жртви од поплавите, а треба да се обештетат и оние кои ги загубија домовите – вели  претседателот на Советот на Берово, Јован Матеничарски.

Иницијативата е само намера, бидејќи Советот е на одмор. Матеничарски не знае колку пари од буџетот се трошат за општинската манифестација, каде главна ѕвезда е Северина. Не знаеше да каже и колку пари се одвоиле од општинскиот буџет за оваа намена, бидејќи немало извештај пред Советот.

„Етно плоштад“, во чии рамки настапува Северина  е манифестација која покрај општината ја финасира и  Министерството за култура со 750.000 денари.

Според портпаролот на општина Берово, Марин Демировски тие одвојуваат 3.000 до 4.000 евра, меѓутоа, Сверина ја носи нивниот традиционален спонзор. За тоа колку спонзорот „Зегин“ платил за ѕвездата, Демировски не знаеше да каже.

– Пренамената на парите нема да помогне, туку само ќе му одмогне на градот, бидејќи ова се единствените два дена кога се пополнуваат туристичките капацитети на Берово. Општината вложува помал износ на пари од буџетот во однос на ќарот што го има градот – вели Демировски.

Во Штип на „Пастрмалијада“ доаѓа Здравко Чолиќ. Општината не соопшти за колку ќе настапи популарниот Чола, бидејќи тоа било обврска на спонзорот, „Скопска пивара“.

 

Полицијата се сомнева дека дел од пожарите во кои до сега две лица починаа, се подметнати

Пожарите што деновиве ја зафатија Македонија можеби не се последица само на високите температури и силниот ветер. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција изјави дека постојат основани сомнежи...

Македонија го активираше ЕУ-механизмот за помош во справување со пожарите, Грција испраќа два канадери и пешадиски тимови

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, попладнево на прес-конференција информираше дека поради сериозноста на ситуацијата со шумските пожари низ државата, активиран е Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија. „Денес е активиран...

Делумно нормализиран сообраќајот кон Блаце, пуштена за сообраќај и скопската обиколница

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека скопската обиколница е целосно пуштена за сообраќај, а од 17:20 часот денеска сообраќајот кон Граничниот премин Блаце е повторно отворен, но само за патнички...

Основното јавно обвинителство издаде наредби и насоки за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово

Основното јавно обвинителство Скопје постапува во координација со Министерството за внатрешни работи, како и со Здружението на новинари со цел итно обезбедување на сите докази во врска со информациите дека екипа...

Полицијата се сомнева дека дел од пожарите во кои до сега две лица починаа, се подметнати

Пожарите што деновиве ја зафатија Македонија можеби не се последица само на високите температури и силниот ветер. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција изјави дека постојат...