fbpx

Орав загадочно твитна „Помилување!“…

-

Евроамбасадорот Аиво Орав се приклучи кон заканите на еврокомесарот Јоханес Хан и на европратениците Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгл, во соопштението во кое се наведува дека ќе следуваат сериозни последици поради прекршување на Договорот од Пржино.

„Помилување!“, напиша кусо и загадочно Орав на „Твитер“.

Во реакцијата од Брисел се наведува дека поради немање напредок во спроведување на Договорот, ќе бидат принудени да преземат соодветни чекори.

„Длабоко жалиме за ретроградните чекори, кои уште повеќе ќе ја оддалечат земјата од нејзините аспирации за членство во Европската Унија. Во отсуство на каков било понатамошен прогрес, принудени сме да ги разгледаме понатамошните активности за да се исполнат барањата кои се јасно поставени од Европскиот совет, Европската комисија и од Европскиот парламент“, порачуваат еврокомесарот и европратениците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...