fbpx

Шилегов: Македонија е во голема криза само за Груевски да не оди во затвор

-

Петре Шилегов, портпарол на СДСМ, денеска на прес-конференција кажа дека Македонија се наоѓа во најголемата криза само за Никола Груевски да не оди во затвор. Шилегов вели дека со отворањето на предметот „ТНТ“, СЈО покажало зошто Иванов морал да брза со аболицијата.

– Одговорноста за сите случувања во Македонија е на Никола Груевски, Ѓорге Иванов и на Трајко Вељаноски. Денеска стана јасно зошто Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат фер и демократски избори, бегаат од прочистен избирачки список, реформи во медиумите и од одвојување на партијата од државата – рече Шилегов.

Одговарајќи на новинарско прашање дали СДСМ ќе одговори на барањето за помош што денеска го упати Иванов за наоѓање начин да се повлече аболицијата, Шилегов рече дека е најдобро Иванов да исчезне од политичката сцена во Македонија и дека тој е неспособен, а со одлуката што ја донел само ѝ наштетил на државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени се двајца украински безбедносни службеници поради заговор за атентат на Зеленски

Истражителите на украинската безбедносна служба спречиле руски заговор за атентат на претседателот на Украина Володимир Зеленски и други членови на највисокото воено и политичко раководство на земјата. Приведени се двајца...