fbpx

Орав: Македонија има проблем со демократијата, слободата и со правата

-

Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, вели дека Македонија има сериозни проблеми во поглед на вредностите за демократија, слобода и за правда кои ги промовира Европската унија.

Орав на дебатата насловена „Европската унија треба да се прошири и да ги вклучи земјите од Западен Балкан“, рече дека единствените позитивни моменти од изминатава година за Македонија се мирните антивладини протести и тоа што политичките лидери покажале подготвеност да разговараат за надминување на кризата во земјава, објави „Нова ТВ“.

– Денес има сериозни проблеми во вашата земја. Сакавме да го свртиме вниманието во октомврискиот извештај кога се обидовме да ги нагласиме проблемите во судството, правдата, корупцијата и за слободата на говор. Оваа земја е кандидат и сакаме да биде подготвена за членство – рече Орав.

Изминативе месеци известувачите за земјава се обидувале да најдат позитивни факти за Македонија кои би ги вклопиле во извештајот за напредок на земјата, кој треба треба да биде готов до 31 август, а Орав рече дека изминатава недела се случиле неколку позитивни работи.

Меѓу нив биле формирањето на Советот за безбедност кој го свикал претседателот Ѓорѓе Иванов, потоа антивладините протести, за кои Орав рече „беа мирни и граѓански“, потоа лидерските средби и состанокот во Стразбур меѓу Заев и Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...