fbpx

Опасност од терористички напади – западните земји повикаа да не се оди на аеродромот во Кабул

-

Амбасадите на Германија, САД, Велика Британија и Австралија во главниот град на Авганистан ги повикаа претпладнево своите државјани да го избегнуваат по секоја цена аеродромот во Кабул, поради прилично сигурни дојави за ризик од терористички напади кај портите на аеродромот.

Амбасадата на САД повика американските граѓани да не се приближуваат кон аеродромот во главниот авганистански град, поради зголемена опасност од напад на портите на аеродромот.

И Австралија и Велика Британија речиси со идентична порака се обратија кон своите државјани во Кабул: „Не тргнувајте кон аеродромот Хамид Карзаи, а доколку сте веќе таму, засолнете се на безбедно место и чекајте инструкции“.

Слично предупредување вчера издаде и амбасадата на Германија во Авганистан.

Веќе речиси две седмици има огромна навалица на аеродромот во Кабул, и илјадници странци и Авганистанци се обидуваат да се евакуираат со авионите што полетуваат од Кабул, плашејќи се од одмаздата на Талибанците, кои дадоа рок до крајот на месецот за евакуација.

Досега во турканиците загинаа најмалку осум луѓе. Се смета дека од преземањето на контролата врз целата територија на Авганистан пред 10 дена досега се евакуирани 82.000 луѓе, а илјадници чекаат околу аеродромот да влезат во него.

Vo p

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...