fbpx

Од вкупниот број на починати од ковид-19, 80 проценти биле невакцинирани

-

Од вкупниот број на починати лица од ковид-19 во периодот од 6 август до 18 ноември, дури 80 проценти биле невакцинирани лица, додека 20 проценти од починатите биле вакцинирани, информираат од Министерството за здравство. Притоа, починатите вакцинирани лица имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

Во периодот од 06 август до 18 ноември, на територијата на земјава имало 53.682 лица позитивни на ковид-19. Од нив, 31 процент биле целосно вакцинирани, односно 16.702 лица. Според статистиката за изминативе месеци, 36.980 граѓани, односно 69 проценти од позитивните на ковид-19, не биле вакцинирани.

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани е голем. Во моментов од 534 хоспитализирани пациенти во болниците, само 123 се целосно вакцинирани.

„Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКоВ2“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...