fbpx

Димитров: Дали земјите членки може да поставуваат услови кои се косат со европските вредности?

-

На дискусијата за политиката на проширување на ЕУ со Западниот Балкан што утрово се одржа во Мадрид, вицепремиерот Никола Димитров осврнувајќи се на бугарското вето, порача дека блокадата на евроинтеграциите од Бугарија не е помагање, посебно кога Северна Македонија вложува навистина голем напори во процесот и не ги прекршува членовите на Договорот за добрососедство меѓу двете земји.

„Блокирањето на евроинтегративниот пат дефинитивно не е помагање и е спротивно на членот 2 од нашиот договор, додека пак од страна на Северна Македонија не постои такво прекршување. Ние како политичари се договоривме да обезбедиме предуслови за успех на Комисијата за историски и образовни прашања, тие имаа повеќе средби и беше предложена и странска експертиза и помош за нивната работа. Со овој договор започнавме еден важен процес што некако беше исфрлен од колосек од причини кои сѐ уште се неразбирливи“, рече Димитров.

Тој го нарече антиевропско постапувањето на Бугарија.

„Не можете да создадете антиевропски услов и да го претставувате како критериум за една земја да се приклучи во ЕУ и секако не откако ја искачивме големата планина – проблемот со името. Решението со Грција беше можно, ние ја додадовме придавката Северна само затоа што Грција ги прифати нашето право на самоопределување и македонскиот јазик како македонски“, нагласи македонскиот вицепремиер.

Димитров рече дека и самиот преговарачки процес, како и принципите врз кои се заснова ЕУ го штитат правото на самоопределување, а во случајот на преговорите и одредбите на преговарачката рамка овозможуваат јасно повикување на „македонски јазик“.

„Во нацрт-преговарачката рамка што сè уште е на маса, има еден технички параграф што е ист за сите земји кандидатки кои отпочнуваат преговори и предвидува превод на правото на Унијата на сопствениот јазик – во нашиот случај македонскиот јазик, за да се овозможи соодветно функционирање на Унијата во согласност со нејзините правила и принципи откако земјата ќе стане членка. Оттука, ова прашање се третира како прашање на самоопределување, како што е уредено со меѓународното право бидејќи нема правна основа и не е пристојно ниту една земја во светот, вклучително и за самата Унија, да признае или да не признае јазик”, рече македонскиот вицепремиер.

Тој заврши нагласувајќи дека бугарската блокада е инвестиција во антагонизам наместо во пријателство, како што потврдува и истражувањето од бугарскиот тинк-тенк објавено деновиве, кое покажува дека говорот на омраза по социјалните мрежи, за којшто обвинува официјална Софија, всушност e потхранет токму од нивното вето.

Димитров отфрли и каква било дискриминација на Бугарите и нагласи дека постапките на Бугарија носат антиевропско однесување.

„Ако предусловот за придвижување кон Европа не е во согласност со европските вредности и ако сме условени со македонскиот јазик, тогаш, сум го кажал ова и кај нас, за мене е подобро да не постигнеме напредок кон ЕУ, бидејќи тогаш тоа не е зачленување во заедница на вредности.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...