fbpx

Од денеска со еден негативен тест за оздравени од ковид-19 ќе се сметаат пациентите на домашно лекување

-

Од денеска, во системот на МојТермин, во функција е новиот алгоритам за евиденција на оздравени пациенти од ковид-19, кој се однесува на пациентите на домашно лекување, но не ги опфаќа хоспитализираните пациенти. За прв ден на заболување се зема денот на првиот потврден позитивен тест, информираат од Министерство за здравство.

„За разлика од досегашниот алгоритам, каде со истек од 14 дена беше потребно да се добијат 2 негативни последователни тестови во 24-48 часа, согласно светските истражувања, сега еден пациент, доколку е асимптоматски во период од 10 дена, ќе се смета за оздравен на 11тиот ден. Доколку еден пациент имал симптоми во текот на болеста – истиот ќе се смета за оздравен по истекот на минимум 20 дена, односно 21 ден само во случај ако последните 3 последователни дена немал симптоми на болеста“ појаснуваат од ресорното министерство.

Како што велат оттаму, процесот на оздравување сега е во целост поврзан со Дневните извештаи кои ги пополнуваат матичните лекари за своите позитивни пациенти и Регистарот за позитивни ковид-19 пациенти.

„Во Националниот систем за електронски евиденции во здравството – Мој Термин се проверува дали за секој нареден ден има пополнет дневен извештај од матичен лекар или негова замена. Доколку во 10 последнователни дена има дневни извештаи и истите се одговорени со не/нема: истоштеност, болки во зглобови и/или мијалгија, кашлица, искашлок, отежнато дишење, дијареа, а температурата на пациентот е помала од 37.5 тогаш добива статус – Предлог за оздравен“ додаваат од МЗ.

Доколку во 10 последнователни дена има барем еден извештај каде на било кое прашање од погореспоменатите е одговорено со да/има, пациентот добива статус – Предлог за оздравен со истекот на минумум 20 дена (односно 21 ден) само во случај ако последните 3 дена се асимптоматски. Доколку по истекот на 20 дена пациентот нема три последователни асимптоматски дена, предлогот за оздравен ќе биде после три последователни асимптоматски дена. Се додека пациентот не добие статус „Предлог оздравен“ истиот има статус „Болест во тек“.

Пристап до статусот на пациентите во Мој Термин ќе имаат епидемиолозите во Центрите за јавно здравје (ЦЈЗ). Секој Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) ги гледа само пациентите на кои матичниот лекар на пациентот се наоѓа на подрачје кое го покрива конкретното ЦЈЗ, а за пациентите кои немаат избрано матичен лекар (домашни или странски) пристап до статусот имаат сите Центри за јавно здравје. За пациентите кои немаат избрано матичен лекар пополнувањето на дневните извештаи за состојба на пациентот го прави епидемиолошка служба од надлежниот центар за јавно здравје кој ја направил епидемиолошката анкета.

Инаку, минатата недела Комисијата за заразни болести го усвои новиот протокол за ослободување на пациентите од изолација. Откако кон крајот на мај, Светската здравствена организација и Европскиот центар за контрола и превенција на болести дадоа нови насоки/препораки за ослободување на пациентите од изолација, МАНУ анализираше повеќе од 10.000 тестирања и утврди дека кај пациенти кај коишто е дијагностициран SARSCoV-2 вирусот, независно од резултатот на последователното контролно тестирање, не е присутен виабилен – репликативно компетентен, односно вирус којшто може да е доволно силен за да предизвика зараза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...