fbpx

Матичните лекари нема само да препраќаат пациенти на специјалист, ќе препишуваат и терапии

Според анализите на Министерството за здравство, околу 30 отсто од пациентите кои дневно доаѓаат на Клиника доаѓаат кај специјалисти за продолжување на терапија

-

Започнавме реформска мерка со која овозможуваме матичните лекари да препишуваат хронична терапија за своите пациенти и со ова постигнуваме суштински промени и унапредувања за пациентите и за здравствените работници. Oва денеска го истакна министерот за здравство Фатмир Меџити, на денешната посета на ординацијата на д-р Марта Тунџева, која е долгогодишен матичен лекар.

Посетата се случува на стартот на праксата – матичните лекари да препишуваат терапија за дијабетес, астма, ХОББ, намалена функција на тироидна жлезда и хипертензија.

„Го олеснуваме административниот товар на матичните лекари. Тие повеќе нема да треба да пополнуваат административни документи и само да препраќаат пациенти, туку ќе може да препишуваат терапија за своите пациенти. Со ова, ја зајакнуваме нивната улога и важност во здравствениот систем и им овозможуваме тие да ги дијагностицираат пациентите“, нагласи Меџити.

Министерот за здравство Меџити ја потенцираше важноста на честиот контакт на матичните лекари со своите пациенти чија здравствена состојба многу добро ја познаваат, истакнувајќи дека оваа мерка, овозможува матичниот лекар максимално да се посвети на пациентот.

„Пациентите добиваат многу, тие сега веќе ќе може кај своите матични лекари да ги добиваат овие услуги наместо да мора да одат на Клинички центар или во секундарното и терциерното здравство. Нема да треба да губат време, да трошат средства за да завршат едноставна работа како препишување на терапија на пример. Ова им го олеснува секојдневието на пациентите и на нивните блиски кои се грижат за нив“, рече Меџити.

Според анализите на Министерството за здравство, околу 30 отсто од пациентите кои дневно доаѓаат на Клиника, доаѓаат кај специјалисти за продолжување на терапија или услуги кои со оваа реформа ќе може да ги добијат кај својот матичен лекар.

Инаку, како што најавија во Министерството за здравство, овој реформски процес ќе се одвива во повеќе етапи. Во следната фаза матичните лекари ќе можат да направат упат за лабораториски анализи, а потоа и имплементација на сите останати делови од реформата, за кои е потребен подолг временски период за реализација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...