fbpx

Четири документарци во Куршумли-ан, Сули-ан и пред Музејот на Македонија за крај на „МакеДокс“

Во Сули-ан, вечерва во 20:30 часот, ќе биде прикажан последниот филм од програмата „Земја во фокус – Данска“

-

Филмската програма на 14. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ се приближува кон крајот и последната фестивалска вечер. Денеска ќе бидат прикажани четири документарни остварувања и тоа во Куршумли-ан, Сули-ан и на платото пред Музеј на Македонија.

„На програмата во Куршумли-ан, во 21 часот, се краткиот документарец „Еве, и јас танцувам“ (Чешка, Германија / 2023 / 21’) на Мохамад Вализадеган, чија приказна зборува за танцот како начин на себеизразување, но и за забраните за танцување во Исламската Република Иран, додека долгометражниот документарен филм „Вика!“ (Полска, Германија, Финска / 2023 / 72’) на Агњешка Цифка ја раскажува животната приказна на 84-годишната харизматична и колоритна диџејка Вика, која е вистинска ѕвезда на варшавските ноќни клубови“, информираат организаторите.

Оттаму додаваат дека во Сули-ан, во 20:30 часот ќе биде прикажан последниот филм од програмата „Земја во фокус – Данска“.

На платото, пак, пред Музеј на Македонија, во истото време, репризно ќе биде прикажан документарниот филм „Спроти ветрот“ (Индија, Франција / 2023 / 97’) на индиската режисерка Сарвник Каур, каде монтажери на филмот се Атанас Георгиев и Благоја Неделковски, а композитор на музиката е Игор Василев – Новоградска.

„Пред почетокот на филмската програма во Куршумли-ан ќе се одржи церемонијата на објава и доделување на наградите на 14. „МакеДокс“. Фестивалот секоја година ги доделува наградите „Кромид“ за најдобар филм од Главната програма, „Млад кромид“ за филм од програмата „Нови автори“, „Сечкан кромид“ за најдобар краток документарец, „Кокарче“ за најдобриот студентски филм и Награда за најдобри етички идеи“, се додава во соопштението од „МакеДокс“.

Годинашното издание на фестивалот со мотото #пресечи (#cutit) се одржува од 17 до 24 август со тематски фокус на монтажата на документарниот филм. На фестивалот се прикажаа 75 филмски остварувања и присуствуваа над 100 гости и филмски автори од странство.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...