fbpx

ЦУК: Во моментот има еден активен пожар кај Блаце

На локализирање на пожарот работат вработени во јавното претпријатие „Македонски шуми“

-

Во близина на село Блаце во општина Чучер Сандево гори запалена висока сува трева, нискостеблеста вегетација и шума на карпест непристапен терен, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму информираат дека пожарот го следат  вработени во јавното претпријатие „Македонски шуми“.

„Утринскиот извештај од Регионалниот ЦУК Скопје бележи дека вчера во скопскиот регион имало вкупно седум пожари на отворено од кои еден е активен. Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на град Скопје имаше полни раце работа на повеќе страни од скопско, посебно во доцните попладневни и часови кога со поддршка од воздух од трите „Ер трактор“ авиони и еден хеликоптер ги изгасна тие што претставуваа опасност за населбите околу градот“, информираат вработените во ЦУК.

Оттаму додаваат дека локализирани се шест пожари во скопско.

„Локализиран се пожари во општина Студеничани, во село Горно Количани, но и пожар во општина Сарај, с. Љубин. Потоа, локализиран е пожар во село Страчинци во општина Гази Баба, потоа, кај обиколницата во близина на Стајковци, но и кај езерото Треска. Под контрола е ставен и пожар во село Злокуќани“, информираат во ЦУК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израелскиот претседател чекал 40 минути во авионот во Париз поради „безбедносна загриженост““

На израелскиот претседател Исак Херцог и на неговата делегација им било дозволено да излезат од авионот на парискиот аеродром дури откако поминале 40 минути во авионот „поради безбедносна загриженост“,...