fbpx

Предложен отказ за административка од Штип која држела партиска прес-конференција додека била на боледување

-

За поранешната директорка на Дом на млади во Штип, сега вработена во Општина Штип, Вишна Шорова – Ангелова, вчера заседавала дисциплинска комисија, која предложила најстрога мерка – отказ поради злоупотреба на боледувањето. Шорова – Ангелова додека била на боледување, во предизборието држела партиска прес конференција.

Денеска од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција ова го оценија како партиски реваншизам и го потсетија градоначалникот Благој Бочварски на ветувањето кога дојде на функцијата.

-И покрај тоа што од страна на градоначалникот се ветуваше дека нема да има отпуштања од Општина Штип, како резултат на партиски реваншизам, се покажа спротивното. Во текот на вчерашниот ден, поради партиски пресметки, спакувани во незаконски изречени мерки, спроведени во време на Корона криза, пред почеток на школска година, на родител на две малолетни деца, дисциплинска комисија од Општина Штип, донесе одлука за отказ од работно место – рече Весна Ничева од ВМРО-ДПМНЕ.

Решението за отказ не е донесено и одлуката не е финална додека не биде потпишана од секретарот на Советот. Соња Китанова, која ја врши оваа функција, изјави дека до неа не е стигната одлуката на дисциплинската комисија, иако е во тек со процесот.

-До мене како секретар пристигна барање за поведување на дисциплинска комисија за злоупотреба на боледување на лице вработено во општинската администрација. Во законски предвидениот рок, донесов решение со кое е формирана дисциплинска комисија, која имаше обврска да ја спроведе постапката. Дисциплинската комисија одржа расправа на 24 август и ја спроведе постапката како што е предвидена во Законот за административни службеници и вработени во административниот сектор. Се’ уште до мене не дошол записник од Комисијата, за да се произнесам како секретар – објасни Китанова.

Според законот, Китанова може да изрече 30% намалување на платата во рок од еден, два или шест месеци, да го распореди работникот на пониско работно место или да изрече отказ.

Засега одлука нема, меѓутоа, лани , исто така за злоупотреба на боледување, административец доби отказ.

За отпуштениот админиистративец останува можноста да ја даде одлуката на суд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...