Дисциплинска постапка за поранешната обвинителка за организиран криминал и корупција Вилма Русковска и две нејзини колешки

-

Дисциплинската комисија на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија донела Решение со кое „се поведува дисциплинска постапка против поранешен основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и уште две обвинителки од тоа обвинителство“, соопшти обвинителството.

Всушност, станува збор за поранешниот прв човек на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК), Вилма Русковска, против која во август почна дисциплинска постапка по предлог на првиот човек на Јавното обвинителство.

Против Русковска и две нејзини колешки, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, на 8 август кривична пријава поднесе Арафат Муареми, првиот човек на Финансиска полиција откако Русковска влезе во просториите на финансиската полиција.

Дисциплинската комисија на обвинителството одржало расправа на која го разгледало писмениот извештај од известителот по предлогот за поведување дисциплинска постапка и писмените изјаснувања на јавните обвинителки, па оценила „дека постои основано сомнение дека трите јавни обвинителки сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство“, соопшти Обвинителството.

Против ова решение на Комисијата не е дозволена жалба. Како следна фаза на постапката, Комисијата ќе закаже седница на која ќе биде повикан подносителот на предлогот за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност и трите јавни обвинителки, кои имаат право да предложат свои докази и непосредно да дадат изјави во врска со поднесениот предлог, се објаснува во сооопштението​.

Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Денеска (21.04.2025) во 02.04 часот во Македонски Брод, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(25) од Македонски Брод поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило “ по...

Руските вооружени сили продолжуваат со воените операции во Украина

Руската војска потврди дека нејзините сили ги продолжиле нападите врз Украина по  „велигденскоти примирје“, пишува Гардијан.  „Со завршувањето на примирјето, вооружените сили на Руската Федерација продолжија да ја спроведуваат специјалната воена операција“,...

Почина папата Франциск

Папата Франциск почина на 88-годишна возраст, соопшти Ватикан. Поглаварот на Римокатоличката црква, кој беше бискуп на Рим и духовен водач на повеќе од милијарда верници, стана папа во 2013 година, откако неговиот...

АХВ: Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден

Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници. Кај 16 оператори со контролите утврдено е дека незадоволителни биле хигиенските барања за...

Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Денеска (21.04.2025) во 02.04 часот во Македонски Брод, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(25) од Македонски Брод поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило...