fbpx

Леден бран: Снежна бура и екстремно ниски температури ги зафатија САД

-

Над 200 милиони лица од различни сојузни држави во САД пред божиќните празници се под предупредување за зимска бура и ниски температури, пренесува Гардијан. Силни врнежи од снег, температури длабоко под нулата, замрзнат дожд и силен северен ветар се само дел од предупредувањата на метеоролозите за ледениот бран што ги зафати САД.

Предупредувањата за ниски температури се протегаат од северните сојузни држави сè до Флорида на југ. Снежна бура се очекува во регионот на Големите езера, замрзнат дожд до 5 сантиметри е прогнозиран на источниот брег на САД и силни удари на ветер со брзина од 100 километри на час се очекуваат во населените места долж границата со Мексико.

Илјадници домови веќе останаа без струја, а гувернерите во најмалку 13 сојузни држави во САД подготвија планови за одговор при итни случаи, вклучително и распоредување на Националната гарда за празничниот викенд. Веќе има извештаи за блокирани возачи на патиштата поради обилните врнежи од снег и мраз.

Во градот Шајен во сојузната држава Вајоминг е поставен рекорд за најголем пад на температурата за еден час, откако температурата од 6 степени се спушти на -16 во рок од 30 минути. Дури и во градовите како Сан Антонио, Хјустон и Њу Орлеанс, температурите паднаа под 0 целзиусови степени, иако се наоѓаат на самиот југ долж Мексиканскиот залив, во сојузните држави Тексас и Луизијана. Овие градови имаат суптропска клима и вообичаените температури за овој дел од годинава се околу 20 целзиусови степени.

Сепак, најопасна е ситуацијата во северните американски држави, каде што на некои места температурите на воздухот се спуштиле и до 37 степени под нулата.

Над 2.000 летови се одложени вчера и денес во делови од САД како последица на силното невреме. Најпогодени во воздухопловниот сообраќај се аеродромите во Чикаго и Денвер, каде што се одложени над 700 летови. Состојбата е лоша и на патиштата, кои се зафатени од снежното невреме и мраз. Американската автомобилска асоцијација прогнозира дека за време на божиќните и новогодишните празници се очекува над 112 милиони луѓе да патуваат над 80 километри со своите возила.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...