fbpx

Минатиот месец пораснал бројот на акутни заразни заболувања, соопшти ИЈЗ

-

Минатиот месец во С. Македонија пријавени сe вкупно 1.133 заболени лица од акутни заразни заболувања (овчи сипаници, ентероколитиси, шуга, инфективна мононуклеоза, салмонелози, скарлатина, сифилис, бактериски алиментарни инфекции и интоксикации, вирусен хепатитис Б и вирусен хепатитис Ц). Ова го покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје. Првите две најчести заразни заболувања (овчи сипаници и ентероколити), учествуваат со 91,2 отсто во вкупниот број на заболени, а со 91,7 отсто во десетте најчесто пријавени акутни заразни заболувања во месец ноември 2022 година.

Како што соопштува ИЈЗ, во однос на поделбата на акутните заразни заболувања по групи, во ноември најголем број припаѓаат на капкови заболувања. Од нив, најголем број чинат пријавите за овчи сипаници. Во оваа група се пријавени 15 случаи на инфективна мононуклеоза, 11 случаи на скарлатина и по 1 случај на заразни заушки и легионерска болест.

Во месец ноември пријавени се 190 случаи на заболени од групата на цревни заболувања. Од нив, најголем број, чинат пријавите за ентероколитиси. Дополнително
се пријавени 13 случаи на салмонелози.

Во текот на ноември, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчи сипаници со вкупно 864 пријавени лица. Тие во вкупниот број на заболени во месецот учествуваат со 76,3 отсто, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за
овој месец учествуваат со 76,7 отсто.

„Во однос на претходниот месец октомври, се регистрира зголемување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 2,1 пати, a во однос на месец ноември 2021 се регистрира зголемување за 6,4 пати. Во однос на аритметичката средина се
регистрира зголемување од 2,2 отсто“, наведено е во извештајот.

Во вкупниот број на регистрирани овчи сипаници во 2022, пријавените случаи во ноември учествуваат со 27,5 отсто. Во вкупниот број на регистрирани акутни заразни заболувања во 2022 година, овчи сипаници учествуваат со 56,5 отсто.

„Кумулативниот број на заболени од овчи сипаници во 2022 е за 5,8 пати поголем во однос на кумулативата за истиот период во 2021“, наведено е во извештајот на ИЈЗ.

Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции (без ХИВ/СИДА) се регистрирани 18 заболени лица. Пријавени се 7 случаи на сифилис, 6 случаи на
вирусен хепатит Б, 4 случаи на вирусен хепатит Ц и еден случај на хламидија.

Во текот на месец ноември, пријавени се 9 случаи на ХИВ/СИДА. Осум од пријавените лица се со ХИВ, а едно лице со СИДА. Осум од пријавените лица се од машки пол, а
едно лице е од женски пол. Пет лица се од Скопје, и по едно лице од Гостивар, Охрид, Демир Капија и Делчево. Лицата се на возраст од 19-54 години. Три лица се хетеросексуалци, три лица припаѓаат на групата МСМ, две лица се бисексуалци и
за едно лице начинот на трансмисија е непознат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...