среда, 18 ноември, 2026
Meta.mk

Ознака: отказ | 24 резултати

Хелсиншки комитет: Работодавач не смее да отпушти бремена жена од работа

28 февруари 2020

Бремена работничка побарала правна помош од Хелсиншкиот комитет, бидејќи работодавачот незаконски и го прекинал работниот однос додека користела боледување, информираат од таму. Станува збор за работничка на која непосредно откако го информирала работодавачот дека е бремена ѝ бил откажан договорот за вработување. Работодавачот ѝ го врачил отказот на работничката додека таа била на боледување, со […]

Во Белград програмер убил колега, ранил двајца, па се разнел со бомба

12 март 2018

Младиот програмер Небојша С. (30) денеска во Белград убил свој поранешен колега и ранил двајца, по што се разнел со бомба, јавија српските медиуми. Убиецот пред неколку дена добил отказ во софтверската фирма „Стопански советник за информациски технологии“, а денеска се вратил таму, прво ја поздравил колешката и ладнокрвно се качил на катот. Потоа влегол […]

МВР му даде отказ на Ален Зекиров, поранешниот телохранител на Мијалков

27 јануари 2018

Ален Зекиров, поранешен телохранител на екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков добил отказ од Министерството за внатрешни работи. Зекиров отказното решение го добил пред три дена од УБК, каде од 2015 година работи во одделот за антитероризам. Од МВР ја потврдија информацијата. „По спроведената постапка за утврдување на дисциплинска одговорност […]

Поради уцена притворен државниот секретар за транспорт на Романија

14 ноември 2017

Обвинителите од Националната антикорупциска управа на Романија, вчера под обвинување за уцена го притворија Нинел Церцел, државен секретар во Министерството за транспорт на Романија. Случајот на антикорупционерите е поврзан со  инцидент од 31 октомври годинава, кога во еден од вагоните на воз натоварен со амониум нитрат избил мал пожар, а Министерството за транспорт и националната […]

Отпуштен главниот стратег во Белата Куќа, Стив Бенон

18 август 2017

Претседателот на САД Доналд Трамп, на виши владини претставници им соопштил дека донел одлука да го отпушти својот главен стратег, Стив Бенон, кој уште од првите денови на оваа администрацијата важеше за негов најконтроверзен советник, јави „Гласот на Америка“. Во соопштението од портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс, се вели дека шефот на кабинетот на […]

Уште еден отказ во администрацијата на Трамп

3 август 2017

Високиот претставник на американскиот Совет за национална безбедност, Езра Коен-Ватник, е последниот во низата претставници на администрацијата на Доналд Трамп што доби отказ. Белата куќа соопшти дека советникот за национална безбедност на американскиот претседател Херберт Мекмастер „ја цени добрата работа која е постигната на одделот за разузнавачки работи, под раководство на Езра Коен“. Како што се […]

Трамп го отпушти директорот на ФБИ, Џејмс Коми

10 мај 2017

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го смени директорот на ФБИ, Џејмс Коми, соопшти Белата куќа. Коми беше на чело на истрагата за наводната вмешаност на Русија во американските претседателски избори. – Претседателот го прифати предлогот на државниот обвинител Џеф Сешонс, за разрешување на директорот на ФБИ, Џејмс Коми – изјави портпаролот на Белата куќа, Шон […]

Словенечки владин функционер разрешен поради неодговорени новинарски прашања

22 февруари 2017

Словенечки владин функционер бил разрешен бидејќи не одговорил на новинарски прашања што му биле поставени во интервју. Имено, словенечката влада го разрешила шефот на секторот за обновлива енергија, Тилен Смолникар, еден ден по засрамувачкото интервју со новинарката Леа Мајцен, во кое се гледа дека тој нема основни познавања за својата работа. Во обидот на Мајцен […]

Заплашување гласачи и нетранспарентност на ДИК констатираше ОБСЕ во извештајот

8 јули 2016

Заплашување гласачи, нетранспарентно работење на ДИК, комплексен процес на ажурирање на избирачкиот список и неизбалансирано известување на дел од медимите е констатирано во финалниот извештај на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за одложените избори за 5 јуни. Во извештајот, кој е објавен денеска, се вели дека иако биле преземени мерки да се спречат заплашувања и притисоци […]

Новинарка од „Сител“ отпуштена поради колумна за Јанкулоска

11 март 2016

Новинарката Кристина Атовска, која работеше во утринската програма на телевизијата „Сител“, на 8 март била отпуштена од работа поради критичка колумна за поранешната министерка Гордана Јанкулоска. Колумната ја објавила на порталот „Позитив.мк“, a два дена по објавувањето била викната од уредникот, кој ѝ соопштил дека веќе нема да работи во телевизијата „Сител“. – Ме викна […]

Гевгелиската болница ги отпушти двајцата анестезиолози

26 октомври 2015

Гевгелиската болница донесе решение да ги отпушти двајцата анестезиолози, кои беа дел од тимот што со царски рез ја породуваше родилката која во петокот почина заедно со своето бебе. Анализата на примероците на крв покажа 1,23 промили, односно 1,75 промили алкохол во крвта на анестезиолозите. „Во врска со немилите случувања кои завршија со смртен исход на […]

Отказ за унгарската снимателка што тепала бегалци

9 септември 2015

Снимателка на приватна унгарска телевизија синоќа доби отказ откако на интернет и во медиумите се појави снимка на која се гледа како таа со нога удира бегалци и им подметнува нога за да ги турне. На снимката се гледа жена како удира девојка и сопнува маж, кој во рацете држи дете, додека стотина мигранти, меѓу кои […]

Тројца полицајци добиле отказ

26 јули 2015

Внатрешната контрола на МВР минатата недела работела на преставки против 12 полицајци кои имале пропусти во работењето и на тројца од нив им врачила отказ, соопштија од Министерството. Седум полицајци се казнети со намалена плата, а еден бил писмено предупреден.

Новинар од Турција добил отказ зашто ја критикувал политиката на Ердоган

23 јули 2015

Турскиот весник „Милиет“ му дал отказ на еден од најпознатите коментатори затоа што ја критикувал политиката на претседателот Ердоган, во однос на џихадистите од Исламска држава. Раководството на весникот објави дека договорот со новинарот Кадри Гурсел го прекинале затоа што тој на „Твитер“ објавил коментар што бил спротивен на уредувачката политика. Новинарот го обвинил претседателот дека е […]

МКФ му даде отказ на селекторот Џикиќ

22 јули 2015

Четириесетина дена пред почетокот на Европското првенство во кошарка, Македонската кошаркарска федерација (МКФ) му врачи отказ на селекторот на репрезентацијата, Александар Џикиќ. „Македонската кошаркарска федерација со консензуална одлука на Комисијата за итност и со одобрување од телефонски консултираните членови на управниот одбор, го разреши од должност селекторот на сениорската репрезентација, Александар Џикиќ, поради нарушена соработка и […]

Капело ќе добие отказ ако Русија не се пласира на ЕП 2016

16 февруари 2015

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Русија, Николај Толстстик, откри дека постои можност селекторот Фабио Капело да добие отказ доколку националната селекција не се пласира на Европско првенство во 2016 година. Капело во 2012 година ја презеде репрезентацијата на Русија, а минатата година потпиша нов четиригодишен договор, според кој, би требало да биде на клупата до […]

Пујол ја напушти Барселона

5 јануари 2015

Карлес Пујол поднесе оставка на функцијата помошник-оперативец во фудбалскиот клуб Барселона, со што му се придружи на Андони Зубизарета, кој ја напушти функцијата спортски директор на клубот. – Сакам да соопштам дека решив да ставам крај на мојата поврзаност со Барселона. Во овие три и пол месеци видов како работи клубот од една друга страна. […]

Подарок од „Самсунг“ – отказ за Божик

25 декември 2014

Јужнокорејската компанија „Самсунг“, без претходна најава, одлучи да ја затвори својата најголема продавница во Велика Британија, „Експиријенс стор“ во Лондон. Крајот на годинава несомнено е особено тежок за јужнокорејскиот гигант. Демонтирањето на продавницата почна ноќта меѓу 23 и 24 декември, кога сите вработени, во пресрет на Божик, добиле известување за отказ. „Самсунг“ прецизираше дека и […]

Навивачите на Ливерпул бараат од тренерот Роџерс да си оди

4 ноември 2014

Навивачите на Ливерпул имаат намера јавно да го искажат незадоволството од резултатите на „црвените“ и од тренерот на тимот, Брендан Роџерс, па планираат за натпреварот против Челзи, овој викенд, да изнајмат авион на кој ќе биде закачен транспарент со натпис „Роџерс оди си“. На Роџерс му се префрла тоа што потрошил 215 милиони фунти за […]

Реал сосиедад му даде отказ на тренерот

3 ноември 2014

Шпанскиот прволигаш Реал сосиедад и официјално соопшти дека Јагоба Арасате повеќе не е прв тренер на тимот. Клубот од Баскија бележи исклучително лош почеток на новата сезона во шпанската лига Примера, но очигледно последниот домашен пораз од екипата на Малага ги натера раководните луѓе да размислуваат за промени. Реал сосиедад се наоѓа на 19. место на […]

Страна 1 од 1