fbpx

Коронавирусот е изолиран многупати во повеќе различни земји

-

Изјавата на доктор Ву Цунју во видеото од постот што го рецензираме е извадена од контекст, односно таму тој зборува дека во конкретни примероци земени од пазарот во Вухан на почетокот на пандемијата  не го изолирале, односно не го нашле вирусот, а не дека воопшто не го изолирале коронавирусот. Во друг видеоматеријал од 8 декември 2020 година, истиот доктор Ву Цунју самиот кажува дека  коронавирусот бил изолиран на 7 јануари 2020 година во Кина, а на 12 јануари Кина ја споделила геномската секвенца од коронавирусот со СЗО. Коронавирусот е изолиран многупати во повеќе држави во светот, научниците јавно објавуваа дека го изолирале вирусот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

03.02.2022
Инфо Кина.
Во Вухан, после една година.
2021.
Тие никогаш не го изолираа вирусот.

Во склоп на постот, се споделува видеоматеријал од епидемиологот од Центарот за контрола на болести на Кина, доктор Ву Цунју којшто вели дека не го изолирале вирусот.

Но, описот на видеото во кој се вели дека „тие никогаш не го изолираа вирусот“ не кореспондира со фактичката вистина, а изјавата од видеото е извадена од контекст.

Прво, проблематично е што видеото е од пред две години. Оригиналното видео е објавено на Ен Би Си Њуз на 24 јануари 2021 година.

На 1 минута и 11 секунда од видеото, се вели дека тим на СЗО е во Вухан за да ги испита почетоците на вирусот.

Првиот кластер е идентификувано дека бил пронајден на пазар, но не е јасно дали пазарот е самиот извор каде се појавила болеста, или тоа се случило на друго место. Сепак извори веруваат дека е почетната точка, вели новинарката која известува од Вухан на 1,30 – 1,40 минута  од видеото.

Потоа таа продолжува со известувањето во прилогот, каде објаснува дека кинеските власти зеле примероци пред една година (значи на почетокот на пандемијата јануари 2020 година), но податоците од тие примероци не се споделени. Самиот доктор Ву Цунју (чија изјава е извадена од контекст во постот што го рецензираме) на тоа прашање одговара дека не го изолирале вирусот (се мисли во тие примероци земени од пазарот, н.з).

Но, во постот што го рецензираме се добива впечаток дека севкупно коронавирусот не е изолиран што не е точно.

Да се изолира вирусот од инфицирани луѓе, значи да се добие чист примерок од вирусот за проучување. Коронавирусот е изолиран многупати, а докази за тоа има во повеќе држави во светот. Научниците јавно го објавуваат тоа дека го изолирале вирусот уште од самиот почеток на пандемијата.

Ова изолирање на коронавирусот не е географски детерминирано, односно може да се пронајдат докази за изолација на коронавирусот во повеќе држави на различни континенти. Ова е пример од Италија од 18 мај 2020 година, но има и други.

На следниот линк може да се погледне дека и група научници од Истражувачкиот институт Санибрук во Канада, исто така го изолираше коронавирусот одговорен за ковид-19, на 12 март 2020 година.

На следниот видеоматеријал од 8 декември 2020 година, истиот доктор од видеото споделено во постот што го рецензираме, кажува дека коронавирусот бил изолиран во Кина. Така доктор Ву Цунју во својот настап на форумот во Пекинг во декември 2020 година, вели :

На 7 јануари Кина го изолираше вирусот и го идентификуваше како коронавирус. На 12 јануари Кина ја сподели геномската секвенца од коронавирусот со Светската Здравствена организација. Потребна беше само една недела за да се изолира вирусот откако идентификувавме дека има епидемија. (од 2,36 минута до 3,25 минута)

Тоа уште повеќе го засилува фактот дека неговата изјава во видеото од постот што го рецензираме е извадена од контекст, односно таму тој зборува дека во конкретни примероци земени од пазарот во Вухан на почетокот на пандемијата не го изолирале, односно не го нашле вирусот вирусот, а не дека воопшто не го изолирале коронавирусот (САРС-КоВ-2).

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во постот што го рецензираме се пропушта контекстот. Коронавирусот е изолиран многупати и во повеќе различни земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...