fbpx

Обама прогласи вонредна состојба поради пожарите во Калифорнија

-

Американскиот претседател Барак Обама прогласи вонредна состојба утринава, поради големиот шумски пожар во областа Лејк Каунти, во Северна Калифорнија, кој уништи 1.200 куќи и усмрти три лица.

Врз основа на прогласената вонредна состојба, претседателот на САД ги стави на располагање федералните фондови за расчистување и за реконструкција, вклучувајќи ги и средствата за привремено сместување на населението и за поправка на куќи.

Пожарот што избувна на 12 септември во Лејк Каунти, на 145 километри од Сан Франциско, е една од најголемите катастрофи во историјата на Калифорнија. Огнената стихија, која опустоши 306 квадратни километри земјиште, делумно е под контрола.

Илјадници лица се евакуирани поради пожарот, тројца загинаа, а две лица се водат за исчезнати, соопштија од канцеларијата на шерифот на Лејк Каунти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...