fbpx

Новозаразени 66, излекувани 12 лица и една почината пациентка од ковид-19

-

Министерството за здравство информира дека за пациентка која пред два дена почина во ГОБ „8 Септември“ денеска е пристигнат резултат на брис кој покажал присуство на ковид-19. Пациентката на возраст од 76 години, од Скопје, била хоспитализирана во болницата со симптомите на вирусот. Согласно конечната потврда за присуство на Ковид-19, овој случај ќе биде евидентиран во денешната статистика на Институтот за јавно здравје.

„Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот. Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на Ковид-19, од кои 10 во Скопје, 27 во Куманово, три во Штип, четири во Прилеп, пет во Тетово, во Охрид пет, Стуга четири, два случаи во Велес, во Гостивар еден, во Кочани тројца и во Неготино два нови случаи“, информираат во министерството.

Во изминатото деноноќие направени се 500 теста. Досега во земјата се направени вкупно 9.762 тестирања на Ковид -19. На Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби нема прием на нови пациенти. Хоспитализирани се вкупно 57, од кои 14 на кислородна поддршка и 6 на механичка вентилација. Во болницата „8 Септември“ примени се 6 нови пациенти, а вкупно хопситализирани 34. На респираторна машина се 6 пациенти, а 8 пациенти се со потешка клиничка слика. Во битолската болница, до утрово се хоспитализрани 5 пациенти, сите се во подобрена состојба и земени се први контролни брисеви кај 3 од пациентите. Денеска пристигнува уште еден пациент од Охрид кој ќе биде лекуван во оваа болница. На домашно лекување се следат 8 пациенти.

Во болницата во Штип се лекуваат вкупно 8 пациенти, сите се стабилни а во домашни услови се следат уште 17 пациенти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.