fbpx

Новинарот Љупчо Златев вчеравечер бил физички нападнат во скопски ресторан

-

Новинарот и главен уредник на порталот „Економски лидер“ Љупчо Златев вчеравечер бил физички нападнат во скопски ресторан, по што се упатил во болница каде му биле констатирани лесни телесни повреди. Нападот го потврди и Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 24.07.2020 околу 00.40 часот во СВР Скопје, Љ.З.(28) од Кавадарци пријавил дека околу 00.10 часот, во угостителски објект во Скопје, му биле упатувани закани и бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се наведува во дневниот билтен на МВР.

Златев преку Фејсбук пост се огласи претпладнево, потенцирајќи дека не го познавал човеков што сакал да го нападне.

ЗА ДА МЕ ЗАМОЛЧИТЕ, ЌЕ МОРА ДА МЕ УБИЕТЕ! Почитувани пријатели и добронамерници,Дел од медиумите објавија дека…

Gepostet von Ljupcho Zlatev am Freitag, 24. Juli 2020

„Јас бев излезен заедно со пријатели, на свирка, како што излегувам често. Нешто по полноќ од масата на која седевме се упатив кон тоалетот на локалот. Додека се движев, во ходникот, непознато лице почна да ме удира по градите, да ме плука и да ме влече кон излезот. Додека ме напаѓаше, лицето ми се дереше “Излези надвор, многу си ни згрешил, излегувај надвор… “. Јас на неговиот напад се спротиставив и не дозволив да ме извлече надвор, по што приклештен пред влезот тој неколку пати со неговата глава ме удри во пределот на челото“, пишува Љупчо Златев.

Според тврдењето на самиот Златев, мотивот за нападот е текст кој вчера го објавил на порталот „Лидер“, дека поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков купил луксузен имот покрај Охридското Eзеро. Наспроти ваквото негово тврдење, повеќе медиуми блиски до ВМРО-ДПМНЕ почнаа да објавуваат компромитирачки содржини за Сашо Мијалков, само еден ден откако самиот Мијалков излезе со свое интервју, во кое побара промена на раководството на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...