Фото: Арбнора Мемети

Во последното деноноќие регистрирани се досега најголем број на потврдени случаи на заразени со новиот корона вирус во едно деноноќие – 934. Вкупниот број на тестови во претходните 24 часа изнесувале 2.748 тестирања што значи дека скоро 34 отсто од тестираните биле позитивни.

Како што соопшти Министерството за здравство, наголем дел од регистрираните нови случаи се во Скопје-420, потоа во Куманово-35, Дебар-5, Штип-20, Прилеп-61, Тетово-58, Струга-5, Велес-82, Битола-33, Охрид-23, Кавадарци-19, Гостивар-18, Гевгелија-13, Струмица-30, Крива Паланка-4, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-22, Пробиштип-8, Демир Хисар-2, Пехчево-1, Берово-6, Валандово-1, Виница-2, Делчево-4, Кратово-4, Свети Николе-13, Кичево-20, Ресен-6 и Неготино-8.

Од министерството информираат дека во болнички услови починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје (58, 68 и 75г) и двајца од Прилеп (73 и 78г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 30.488, а бројката на оздравени пациенти е 20.448. Починаа 982 лица, а бројот на активни случаи изнесува 9.058.

Активни случаи и натаму има најмногу во Скопје и тоа 4.283 од кои 759 во Аеродром, 627 во Карпош, 562 во Гази Баба, 561 во Центар и 557 во Кисела Вода.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 454 оздравени пациенти од: Скопје-273, Куманово-15, Штип-15, Прилеп-16, Тетово-21, Струга-8, Велес-5, Битола-4, Охрид-8, Кавадарци-6, Гостивар-11, Гевгелија-7, Струмица-17, Крива Паланка-2, Радовиш-10, Кочани-9, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Берово -4, Валандово-2, Свети Николе-1, Кичево-8, Ресен-6 и Неготино-3.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти, каде вкупно се хоспитализирани 158 пациенти. Нема пациенти на механичка вентилација, а на кислородна поддршка се 113 пациенти.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 позитивни и 6 суспектни деца на Ковид-19 и 18 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 11 приеми, а вкупно хоспитализирани се 57 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 67, а во болницата во Штип се 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 315 позитивни и сомнителни на Ковид-19.