fbpx

Нови 365 случаи на ковид-19 од 2.820 тестирања, оздравеле 594 пациенти, починале 37 лица

-

Министерството за здравство информира дека, според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.820 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи на ковид-19. Во: Скопје – 166, Куманово – 27, Битола – 19, Струмица – 17, Прилеп и Велес – по 15, Кавадарци – 12, Тетово -11, Кичево -10, Охрид, Свети Николе и Виница – по 9, Штип – 8, Ресен – 6, Гостивар – 5, Струга – 4, Кочани, Берово и Македонска Каменица – по 3, Крива Паланка, Радовиш и Дебар – по 2, Неготино, Делчево, Пробиштип, Богданци, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Пехчево по еден случај.

Има 594 оздравени пациенти од: Скопје – 240, Битола – 42, Куманово и Велес – по 39, Прилеп и Гевгелија – по 26, Гостивар и Струмица – по 23, Штип – 20, Кочани – 15, Берово – 14, Тетово – 13, Охрид -12, Кичево – 10, Свети Николе – 8, Делчево – 7, Ресен, Дебар, Виница и Македонски Брод – по 5, Валандово и Богданци – по 3, Струга, Радовиш, Пехчево и Дојран – по 2, Пробиштип, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 37 починати лица: 11 од Скопје ( 50, 54, 57 , 58, 71, 74, 82, 84, 85, 87, 89 ), 8 лица од Струмица (63,64, 66,70, 71,76,76 и 79), 4 лица од Битола (67, 74, 82 и 88), по 3 лица од Тетово (56, 60 и 67) и Штип (63, 72 и 77), по 2 лица од Куманово (75 и 79), Кавадарци (64 и 73), и Кочани (77 и 88), и по едно починато лице од Прилеп (82), и Свети Николе (58). Три пациенти се починати во домашни услови, а останатите 34 се починати во болнички услови.

Пријавени се 10 пациенти кои починале во период од 15 до 25 април 2021.

Досега во земјата се направени вкупно 721.446 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 152.367, на оздравени пациенти е 132.765, на починати е 4.855, а бројот на активни случаи изнесува 14.747.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...