fbpx

Нови 10 случаи на ковид-19, оздравеле 332 пациенти, починаа 7 лица

-

Министерството за здравство информира дека, според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.825 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на ковид-19 од: Скопје има 5, по два случаја се во Прилеп и во Виница и еден случај е во Куманово.

Регистрирани се 332 оздравени пациент од: Скопје – 101, Куманово – 45, Битола – 23, Прилеп и Струмица – по 19, Тетово – 16, Охрид – 15, Кичево – 12, Струга – 10, Виница – 9, Радовиш – 8, Гостивар – 7, Штип, Ресен и Делчево – по 6, Велес и Свети Николе – по 5, Кавадарци, Неготино и Гевгелија – по 4, Крушево – 3, Богданци – 2, Кочани, Крива Паланка и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се вкупно 7 починати лица: по едно лице од Куманово (69), Прилеп (78), Тетово (77), Гостивар (77), Кочани (80), Штип (69) и Струмица (52).

Од пријавените, три лица се починати во домашни, а останатите 4 во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 814.518 тестирања на ковид-19, вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.417, на оздравени пациенти е 149.292, на починати е 5.455, а бројот на активни случаи изнесува 670.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...