fbpx

Нова уредба на Владата: Финансиска поддршка за плати, само ако не се намали бројот на вработени до крајот на јули

-

Владата на денешната седница ја измени уредбата за финансиска поддршка на работниците и работодавачите погодени од економската криза предизвикана од корона вирусот, во однос на исплата на платите за месеците април и мај 2020 година.

„Со промените, усогласени со синдикатите и граѓанските здруженија за заштита на работничките права, се утврдува дека работодавачот кој ќе користи финансиска поддршка за исплата на плати, не смее да го намали бројот на вработени во месец април 2020 година, како и два месеца после нејзиното престанување (заклучно со месец јули 2020 година)“, стои во владиното соопштение.

Исклучок од ова се случаите на пензионирање или смрт на работникот, негово откажување на договорот за вработување, откажување на договорот од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина, спогодбено преземање на работник, престанување на важноста на договорот за вработување врз основа на судска пресуда и престанување на важноста на договорот за вработување поради утврдена трајна неспособност за работа.

Владината Уредба определува дека вкупниот број на вработени на кои би им бил прекинат работниот заклучно со месец јули 2020 година, не смее да биде повеќе од : 15 отсто кај работодавач со 50 вработени во месецот за кој користел финансиска поддршка, 10 отсто кај работодавач кој имал од 51 до 250 вработени и 5 отсто кај работодавач кој имал над 250 вработени за месецот кога е користена финансиска поддршка од државата.

Владата денеска донесе и одлука за ретроактивно вработување на лицата на кои работниот однос им престанал во периодот од 11 март до 30 април, и соодветно нивно пријавување во системот на задолжително социјално осигурување, со што ќе се намалат последиците од настанатите состојби во овој период. Работодавачите ќе можат да ги пријават оцвие вработени до 7 мај, и на тој начин ќе ги исполнат критериумите за финансиска поддршка за исплата на платите за месеците април и мај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...