fbpx

Хелсишки: Продолжуваме активно со заштитата на работничките права

-

Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе продолжи да ја следи состојбата со работничките права во државата и во секое време конструктивно ќе се вклучи во сите процеси за да се обезбеди почитување на трудот, стои во нивната порака по повод Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај.

Се потсетува дека по последните 6 месеци се регистрирани 214 пријави кои опфатија повеќе од 3.432 работнички и работници. Повеќе од 461 работник останаа без работа, а на приближно 696 работници им била намалена платата или, пак, воопшто не била исплатена.

„Работничките и работниците се луѓе од крв и месо, со свои неотуѓиви човекови права, чувства, животни приказни и достоинство. Крајно време е да застанеме во одбрана на работничките права и да ги обезбедиме барањата стари повеќе од еден век – достоинствен живот за сите, регулирање на работното време и прекувремената работа, социјална и здравствена сигурност“, стои во соопштението на Хелсиншки.

Се додава дека денеска се реафирмираат здружените барања до Владата на повеќе синдикати и граѓански организации, кои се однесуваат на заштитата на работниците и на сиромашните, а кои досега не наидоа на соодветен одговор од страна на институциите. А тие се: мораториум на сите откажувања на договорите за вработување од страна на работодавачите и на сите намалувања на платите во периодот додека трае вонредната состојба, право на паричен надомест за невработени лица, да нема финансиска поддршка на фирми кои имаат отпуштено работници од почетокот на кризата, обезбедување на заштита на прекарните работници (хонорарци, фриленсери и слични видови работници), забрана на пресметување камати од страна на финансиските друштва и извршителите како и државните служби да иницираат постапки за утврдување одговорност при евентуални кривични злоупотреби од страна на работодавачи во врска со спогодбени и други откази на работници во изминатиот период.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...