fbpx

Оздравени се 69 пациенти, нови 29 случаи на Ковид-19, починати се 4 лица

-

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 69 оздравени пациенти, од кои во: Скопје 18, во Куманово 36, во Дебар 1, во Штип 1, во Велес 10 и во Гевгелија 1 пациент, информира Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале две лица од Прилеп, пациентка на возраст од 55 години, лекувана на клиниката од 24 април и 87 годишен пациент лекуван на клиниката од 27 април, и двајцата со тешка форма на болеста и респираторна слабост. Институтот регистрира уште едно починато лице во Прилеп, жена на возраст од 69 години, позитивна на вирусот, која починала дома. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од с. Зрновци (Кочани) на 62 годишна возраст, кој бил на болничко лекување од 21 април.

Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 29 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје 11, Куманово 4, Прилеп 3, Тетово 2, Велес 6, Кочани 3.
Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.494, бројката на оздравени пациенти е 807, на починати е 81, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 2 пациента, а вкупно се хоспитализирани 48. На кислородна поддршка се 27, а на механичка вентилација е 1 пациент. Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови, а вкупно хоспитализирани се 26 пациенти. Од нив 4 пациенти се на респираторна машина и уште 3 со потешка клиничка слика. Во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 4 се на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 44 позитивни и суспектни на Ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...